“Медена земја” од утре во кината во Македонија

Advertisements

Редици во Сан Франциско за македонскиот документарен филм ,,Honеyland“ (Медена земја)

Ова се луѓето кои стрпливо чекаат во долга редица, односно редици, пред Викторија театарот во Сан Франциско, за да влезат на прикажувањето на македонскиот документарен филм ,,Медена земја“. Повеќе…

Погледнете го трејлерот за македонскиот “Медена Земја”, најдобриот документарец на светот

Македонскиот документарец „Медена земја“ на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска освои три награди на најголемиот американски фестивал на независен филм Санденс, меѓу кои и Главната награда од жирито во програмата Светски филм за документарци, Специјалната награда од жирито за влијание за промена за Котевска и Стефанов како и Специјална награда за камера за Фејми Даут и Самир Љума.

„Медена земја“ е филм за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее со нејзината мајка во централна Македонија. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два различни начини на искористување на природните ресурси.