Марија Спасовска со прекрасната балада „Дома“ ќе ги брани боите на нашата земја на детскиот Евросонг

„Секое дете заслужува топол дом“, порачува Марија Спасовска со прекрасната балада „Дома“, песна со која ќе ги брани боите на нашата земја на детскиот Евросонг, чие 16. издание ќе се одржи следниот месец во белоруската престолнина Минск. За овој прв евровизиски предизвик, 13-годишната надежна пејачка ги здружи силите со еден од нашите најдобри автори со богато искуство на овој фестивал – композиторот и продуцент Дарко Димитров, како и со својата постара колешка и наша евровизиска претставничка со најдобар пласман досега – Елена Ристеска, чиј потпис како коавтор стои на стиховите.

Marija Spasovska – Doma – Official Video – Junior Eurovision Song Contest 2018 HD

Advertisements

Погледнете го светскиот хит од Sia – Cheap Thrills во изведба на 12 годишната Марија Спасовска

Создавајќи вистинска уметност со својот глас, нашата млада ѕвезда Марија Спасовска иако има само 12 години, може нескромно да се пофали со многубројни признанија како од кај нас, така и од повеќе земји во светот.

Марија Спасовска со кавер, пролетен и весел , и светски. Станува збор за песната од Sia – Cheap Thrills, а во продолжение погледнете и уживајте …