Мадона го објави дуетот со Малума – „Medellín“

Музичарите ја најавија својата соработка уште пред два месеца, споделувајќи фотографија од студио, па уште тогаш претпоставуваме дека резултатот ќе биде мошне интересен и дека ќе нè натера на танцување. Токму тоа и го добивме, па подгответе се за танцување и притиснете плеј!

 

Advertisements

Малума има нов регетон-хит со „HP“

Колумбиската суперѕвезда Малума продолжува да работи со полна пареа, а освен што го подготвува својот нов албум, најде време и да сними дует со поп-кралицата Мадона, а сè уште необјавената соработка веројатно ќе се најде и на нејзиниот 14. студиски материјал што се очекува во текот на годинава.

Во меѓувреме, 25-годишниот шармер го објави и вториот сингл од претстојниот, 4. по ред студиски албум, а темата насловена „HP“ е регетон-хит што ќе ве натера да посакате да е веќе лето.

„Mala mia“ е новиот хит на Малума

Колумбискиот шармер Малума го продолжува успешниот поход за освојување на светот, па откако се проби на интернационалната сцена, благодарение особено на трите одлични соработки со колешката Шакира („Chantaje“, „Trap“ и актуелната „Clandestino“), на ред дојде неговиот нов соло-сингл насловен „Mala mia“.