Историја за македонската атлетика: Стојоски е шести во Европа на 400 метри, до 23 години!

Членот на АК Охрид, Јован Стојоски го запиша најголемиот успех во историјата на македонската атлетика со освоеното 6. место на Европското првенство до 23 години кое се одржува во Шведска.

Во финалето на 400 метри, Стојоски истрча со време на личен рекорд од 47.01 секунди на крајот стигнувајќи до шестата позиција, а оддалечен само 85 стотинки од пиедесталот. Златниот медал на 400 метри го освои Французинот Фабрисио Саиди пред Британецот Камерун Чалмерс. Бронзата ја освои Италијанецот Брајан Лопез.

Advertisements

Македонското знаме се вееше највисоко на концертот на Мајли Сајрус на Гластонбери фестивалот во Англија

Очиглено Мајли Сајрус има фанови со “подлабок џеб” од Македонија кои присуствуваа и уживаа во нејзиниот настап на Гластонбери фестивалот во Англија. Инаку Гластонбери е фестивал кој се одржува повеќе денови во местото Пилтон, Англија и тоа секоја година, почнувајќи од 1970 година  кон крајот на јуни и почетокот на јули.

Оваа година фестивалот се одржа од 26-ти до 30-ти јуни а помеѓу големиот број изведувачи беа Мајли Сајрус, Килерс, Кајли Миног, Шон Пол, Џенет Џексон, Ен Мари, Хемикал Брадерс…

Македонското знаме се вееше највисоко на концертот на Мајли Сајрус на Гластонбери фестивалот во Англија

Турција ќе го ратификува протоколот за нашето членство во НАТО

Пристапниот протокол за членството на Македонија во НАТО помина и во парламентарната комисија на турското собрание и наскоро ќе се најде на дневен ред на Парламентот.

На социјалните мрежи се појави вознемирувачка снимка на која се гледаат првите моменти по страшната несреќа кај скопската обиколница

Еден од повредените полицајци кај скопската обиколница во тешката сообраќајна несреќа им подлегнал на повредите. Тој беше дел од двочлената сообраќајна полициска патрола која настрада откако камион со огромна брзина влетал во сопрено возило БМВ кое се запали од силината на ударот, а возачот го изгуби животот во пламенот.

Канада го ратификуваше протоколот за членство на земјава во НАТО

Канада го ратификува протоколот за членство на Македонија во Алијансата и со тоа стана 18-та земја членка која го поддржи НАТО процесот за земјава.

Изградени 480 км патишта, 216 км гасовод и 23 нови градинки

“Изградивме 480 км патишта и реконструиравме 10 железнички станици и 216 км гасовод.

Децата ширум земјата добиваат 23 нови градинки и 6 нови основни училишта.

Денес го градиме нашето утре. За нашите деца, овде, во нашата земја!” напиша премиерот на Фејсбук

 

„Не плашете се, кажете им на децата дека се Македонци“-Со оваа порака Виножито ќе учествува на евроизборите во Грција

Партијата на Македонците во Грција, Виножито, како членка на Европската слободна алијанса (ЕФА – алијанса на партиите на малцинствата во Европа), на 26 мај ќе учествува на евроизборите во Грција.

Виножито го помина филтерот на Вpxовниот cyд на Грција и таа ќе биде една од 40-те партии кои ги исполнија условите за европските избори. Виножито е 31 партија на списокот.

За овие избори Виножито подготви и видео спот. Пораката на овој спот е следна: „Ако не кренеш глава не гледаш, Виножито не гледаш. На евроизборите на 26 мај гласаме за ЕСА Виножито. За една поинаква Грција, во една поинаква Европа. Мили Македонци, зборувајте го нашиот македонски јазик на вашите деца. Кажете им дека се Македонци, не плашете се. Поддржувајте го македонското движење во Грција. Поддржувајте го Виножито“.

Репортажа за Македонија на трети мај на најгледаната патописна емисија во Латинска Америка

Патописна репортажа за Македонија в петок ќе биде емитувана на најгледаната патописна емисија во светот „Глобо Репортер“. Ваквиот епитет емисијата го заслужи поради фактот што во Бразил ја гледаат, во просек, помеѓу 40 и 60 милиони гледачи. Се емитува на Глобо, кој се смета за најголем ТВ-канал во Латинска Америка и еден од најголемите во светот.

GLOBO REPORTER TE LEVA EM UMA VIAGEM PELA MACEDONIA SEXTA-FEIRA 03-05-2019

Американскиот Сенат со аплауз за членството на Македонија во НАТО

Премиерот Зоран Заев вечерва објави видео во кое американскиот државен секретар Мајк Помпео го поздравува министерот за надворешни работи, Никола Димитров и му посакува добредојде во НАТО.

Во вториот дел од видеото Јенс Столтенберг се обраќа пред американскиот Сенат и зборува дека годинава Северна Македонија го потпишала протоколот за членство во НАТО, на што доби аплауз од Сенатот. Потоа Столтенберг вели дека со помош на Сенатот Македонија ќе стане 30тата членка на НАТО.

Грчкиот, Македонскиот и уште четири други воени оркестри ја свиреа химната на Македонија

Воените оркестри на Армиите на Македонија, Грција, САД, Велика Британија и Словенија ги интонираа заедно химните на Северна Македонија и на НАТО, по повод одбележувањето на 70-годишнината на Алијансата.

Македонија преку Барди израмнува на 1-1 против Словенија

Енис Барди носи израмнување на Македонија во 47 минута од натпреварот, Алиоски им побегна на чуварите, Барди погоди за 1-1.

Untitled.png

Победнички старт на Македонија, надиграна Летонија со 3 – 1 во евро-квалификациите

Македонската фудбалска репрезентација одигра одличен натпревар и со победа над Летонија од 3-1 (2-0) ги започна квалификациите за ЕП 2020. Пандев го запиша стотиот настап, а на „Филип Втори“ 10.000 луѓе го поздравија нашиот лидер и репрезентативен капитен.

По почетното испитување на силите, во 11. минута Езџан Алиоски прифати една топка од Пандев по левата страна, биеше по земја и го изненади гостинскиот голман Ванинс, кому топката му побегна под рака и заврши во мрежата (1-0).

По половина час предноста се зголеми на 2-0, откако по ударот на Несторовски, гостинската одбрана одби, а Елмас на вистинското место ја погоди целта и стана втор најмлад стрелец во нашата репрезентативна историја (2-0).

Во второто полувреме еден прекин ги расипа нашите планови и Исајевс со глава ги натскока нашите дефанзивци и го ублажи поразот на 2-1. Нашите репрезентативци бараа недозволена позиција, но судиите го признаа голот. Летонскиот фудбалер за врска Циганикс заради два жолти картони предвреме го заврши натпреварот. Кога сите очекуваа последен судиски свиреж, Елмас со прекрасно пласиран удар со левата нога ги постави конечните 3-1.

Untitled.png

Деби гол на Елмас – му го посвети на Пандев и стана втор најмлад стрелец за Македонија!

Македонскиот фудбалски бисер Елиф Елмас влезе од клупата за резерви на натпреварот против Летонија на местото на Ферхан Хасани и веднаш се запиша во листата на стрелците (2-0).

По краток временски интервал, „бисерот“ на Фенербахче погоди во 30. минута, по една одбранета топка по шут на Илија Несторовски. Елмас немаше шанса да погреши, затоа што беше осамен пред мрежата.

Елмас со 19 години и шест месеци, со голот против Летонија стана втор најмлад стрелец во историјата на Македонија, по Горан Пандев (19 години и 1 месец) и Влатко Грозданоски (19 години и 8 месеци).

Untitled.png

Пандев – Алиоски…., Македонија веднаш го скрши отпорот на Летонците

Македонската репрезентација, согласно посакувањата, во раната фаза од натпреварот стигна до водство против Летонија во првиот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2020.

На националната арена „Филип Втори“, Македонија дојде до водство уште во 11. минута од натпреварот со погодокот на Езгијан Алиоски. Горан Пандев одлично поведе акција асистирајќи по левата страна за Алиоски чиј удар од околу 15 метри заврши во мрежата на Летонците….

Untitled

Во Битола одбележани 120 години од дипломирањето на Ататурк

Во Битола беше организирана комеморативна програма по повод 120 години од дипломирањето во Средното воено училиште на големиот турски лидер, Мустафа Кемал Ататурк, јавува Anadolu Agency (AA).

На комеморацијата во поранешното Средно воено училиште во Битола, кое денеска е Градски музеј на Битола, учествуваа заменик-министерот за одбрана на Република Северна Македонија, Беким Максути, заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар, заменик-началникот на Генералштабот на Армијата на Северна Македонија, генерал-мајор Азим Нуредин, заменик-амбасадорот на Турција во Скопје, Умут Лутфи Озтурк, делегација на Турските вооружени сили под водство на бригадниот генерал Алтан Ер, пратеници, претставници на турските институции и организации во земјата и други гости.

Церемонијата започна со едноминутен молк и интонирање на химните на двете земји, по кој бригадниот генерал Алтан Ер во своето обраќање истакна дека Средното воено училиште во Битола е значајна образовна установа која дала важен придонес во развојот на лидерскиот карактер на Ататурк.

(ВИДЕО) Вo Грција се појавиле летоци за автономија на егејска Македонија?

Како што пренесува Star.gr, се појавиле летоци во околината на Лерин и Серес со содржина која повикува на Автономија на Македонија во Грција.

Летоците се потпишани од ВМРО Обединета и ги повикува Македонските браќа од Егејска Македонија да се обединат за Автономија на Македонија.

Андре Риу и оркестарот ја извежбаа ,,Македонско девојче“ за концертот во Скопје(видео)

Норвешкиот виолинист и медиумска светска ѕвезда, Андре Риу за концертот на 6 јуни во Скопје со неговиот оркестар ја подготвија македонската народна песна ,,Македонско девојче“. Тој македонската публика ја поздрави на македонски јазик.

Албанскиот парламент го ратификува пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО

Со 130 гласа „за“, ниту еден против, албанскиот парламент го ратификуваше пристапниот Протокол за членството на Република Северна Македонија во НАТО.

Македонската футсал репрезентација ја победи Грција со 5:3 во Скопје

Македонската футсал репрезентација ја победи Грција со 5:3 на отворањето од претквалификацискиот турнир во Скопје за пласман во следниот круг квалификации за СП. Погледнете ги головите од пресметката во „Јане Сандански“.

Демонстранти пред грчкиот парламент, запалено Македонското знаме

Демонстрантите што се против ратификацијата на договорот од Преспа со грчки знамиња во рацете и со транспаренти „Македонија е грчка“ се собраа на повеќе локации во Атина.

Протестите се организирани од разни организации и движења, но како главен протест граѓаните го сметаат оној пред парламентот организиран од таканаречениот комитет за борба за грчкиот карактер на Македонија.

Зоран Заев како Александар Македонски во пропагандниот спот на ,,Независни Грци“

Со спот, во кој македонскиот премиер Зоран Заев се трансформира од ликот на Александар Велики и вели дека веќе никој нема да оспорува дека сме Македонци и зборуваме македонски јазик, од ,,Независни Грци“ прашуваат: ,,Ќе го оставиме Заев да зборува во име на Александар Велики?“ – ,,Северномакедонци, ниту ќе бидам јас, ниту вие ниту децата, заради тоа што јасно е утврдено дека сме Македонци, зборуваме македонски јазик. И многу е важно што повеќе тоа никој нема да ни го оспорува – е делот од изјавата на Заев од 6 декември 2018 искористена во спотот на Независни Грци, а потоа следи пораката: „Александар Велики не може да зборува. Ќе го оставиме Заев да зборува во негово име? “-пишува МИА.

Вечерва во грчкиот Парламент се гласа за ратификација на Договорот од Преспа.

Животот на Македонците во Грција почна да се менува на подобро по договорот од Преспа

…СЕГА СЕ ЗБОРУВА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ, СЕ ЗБОРУВА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО ГРЦИЈА, ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ…

Верници во Женева вербално го нападнаа “предавникот” Отец Пимен

Отец Пимен за Богојавление Христиво – Водици во Женева, Швајцарија, извикан предавник, исвиркан и со клетви од нашинците.

Инаку Отец Пимен беше вклучен во кампањата за референдумот и со видео повика да се гласа “ЗА” на референдумот

Спасени македонските скијачи и сноубордери кои паднаа во провалија на Пирин

Спасувачката операција во Пирин заврши успешно. Петмината скијачи и сноубордери, кои скијале надвор од назначени локации и при тоа паднале во провалија, се спасени, соопшти БГНЕС од Планинската спасувачка служба. Повеќе…

Одбојкарско оро…Историски пласман на ЕП… За прв пат ќе играме на европско

Македонските одбојкари остварија историски пласман на Европското првенство. Со триумф од 3-0 во сетови над Унгарија, го зграпчија она што одамна го заслужија, пласирајќи се меѓу „среќните пет“ второпласирани селекции во квалификациите, откако беа втори во нашата група Ф, зад Украина. Следеше и познатото одбојкарско оро...„Само една има вистина, има една Македонија…“ 

Во Кочани годишно се произведуваат и ширум светот извезуваат 30 милиони орхидеи

Антхура е холандска компанија за одгледување на цвеќиња а од 2014 година присутна во Македонија. Во фабриката во Кочани во меѓувреме годишно се произведуваат и ширум светот извезуваат 30 милиони орхидеи и антуриуми.

 

Македонија лесно го среди Гибралтар со 4-0 и е на два чекора од ЕП 2020!

Македонската фудбалска репрезентација ја оправда фаворитската улога против Гибралтар и на „Филип Втори“ Арената во Скопје славеше со 4-0 (1-0), со што обезбеди место во плеј-офот во кој ќе се разигрува за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2020 година.

Untitled.png

Еврогол на Барди и „Нестор гол“ за остварување на целта – триумф во Лихтенштајн од 2-0

Македонија стигна до посакуваната победа на гостувањето против Лихтенштајн во Вадуц каде славевме со 0-2 (0-0). Сето тоа за задржување на првото место во Групата 4 од лигата Д на Лигата на нациите кое за да го зачуваме до крајот од групната фаза ќе ни биде неопходно само бод на последниот натпревар против Гибралтар за три дена во Скопје.

Творци на победата на Македонија беа Енис Барди со мајсторски гол од слободен удар во 53. минута, и Илија Несторовски во првата минута од судиското продолжение кој по подолго време запишува погодок во националниот дрес.

Големо славје на Грците по триумфот над нашите ракометари од 28-26

Македонија претрпе пораз од Грција со 28:26 во второто коло од квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2020 година.

На крајот Грците сосема очекувано славеа како да освоиле Светско првенство…

Untitled.png

Грците без свиркање со мал аплауз ја испратија македонската химна

Коректна атмосфера на квалификацискиот натпревар меѓу Грција и Македонија во Кожани.

Од Грчката ракометна федерација се одлучија да не пуштат билети во слободна продажба а влез во салата да биде дозволен само за строго дефинирани гости, кои се единствено со покани од домаќините и со официјални акредитации за натпреварот.

Голманот Столе Димитриевски им подари 4 гола на ерменците, Македонија доживеа срамен пораз од 4-0

Македонската репрезентација доживеа срамен пораз од 4-0 на гостувањето против Ерменија во четвртиот натпревар од Д лигата во УЕФА Лигата на нации.

Без разлика на очајното судење на шведскиот делител на правдата, без разлика и на повеќе од агресивните Ерменци кои секако очајно ја посакуваа победата… останува фактот дека Македонија доживеа срамен пораз пред се поради сопствените грешки. Голманот Столе Димитриевски им подари четири гола на домашните, комбинирајно со лошото издание на целокупниот среден ред и несигурните дефанзивци на крајот за заслужен триумф на Ерменија… И секако повеќе од навремено наше трезнење пред финишот на групната фаза од Лигата на нациите во која на крајот, како и да е, мора да стигнеме до првото место.

Armenia vs Macedonia 4-0 – All Goals & Extended Highlights – UEFA Nations League 16/10/2018

Untitled.png

Лихтенштајн демолиран со 4-1 од Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија ја оствари и третата победа во Лигата на нации, совладувајќи ја селекцијата на Лихтенштајн со 4-1 на арената „Филип Втори“. Трајковски беше двоен стрелец, Пандев асистираше и постигна еден погодок, а серијата ја затвори Алиоски. Ова е огромен чекор напред кон првото место во групата, кое води во плејофот за пласман на Европското првенство во 2020 година. Истовремено, трае и низата од десет натпревари без пораз на „црвено-жолтите“.

Македонските репрезентативци го потврдија епитетот фаворити на дуелот со Лихтенштајн. По поразот на Ерменија од Гибралтар, енергично ја грабнаа шансата и го декласираа противникот.

Macedonia vs Liechtenstein | 4 – 1 | Goals and Highlights

Италијанка со „Зајди, зајди“ освои бронза на СП во ритмичка гимнастика…

Италијанската гимнастичарка Александра Агургукулезе го освои бронзениот медал на Светското првнество во ритмичка гимнастика кое се одржува во Софија. Таа имаше брилијантна изведба и тоа со македонската „Зајди, зајди“, па се искачи на подиумот иако беше осмопласирана пред завршните настапи.

Александра Агургукулезе е родена во Романија, но живее во Удине и е дел од италијанската репрезентација.

 

ЛИГА НА НАЦИИ: Поразена и Ерменија со 2-0, ова е победничка Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија ја оствари и втората победа во Лигата на нации, совладувајќи го директниот ривал за првото место, селекцијата на Ерменија со 2-0 на арената „Филип Втори“. Клучен за триумфот беше капитенот Горан Пандев, кој изнуди пенал во 13.минута, а во 59.минута стрелаше прецизно во мрежата на Ерменија. Сигурен реализатор на пеналот во првото полувреме беше Езгјан Алиоски.

Untitled

 

Денот на независноста го слават и нашите војници во Авганистан – трчаа со развиорено македонско знаме

Радмила Шеќеринска на ФБ: “Денот на независноста го слават и нашите војници во Авганистан! Тие секој ден ја заработуваат НАТО поканата и НАТО членството. Нека ви е честит празникот, храбри девојки и момци, вие сте гордоста на АРМ!”

Македонија го совлада Гибралтар со 2 – 0 во првиот натпревар од Лигата На Нациите

Македонската фудбалска репрезентација со победа стартуваше во Лигата на нациите славејќи со 0-2 (0-2) на гостувањето против Гибралтар. Во игра под очекувањата, посебно во второто полувреме кога не создадовме ниту една посериозна шанса, македонските фудбалери сепак стигнаа до однапред планираните три бода, само како увертира за она што ги очекува за три дена против Ерменија во Скопје.

Untitled.png

„Кое е новото име на Македонија” – прашање во турски Милионер

На турскиот квиз Кој сака да биде милионер се појави прашањето кое е новото име на Македонија.

Девојката повика помош од пријател, кој беше сигурен дека го знае одговорот, а прашањето беше за 15.000 лири.

ПРОМОТИВЕН СПОТ ЗА ГОЛЕМАТА ПРОСЛАВА ВО САБОТА ВО ПОГОЛЕМИТЕ ГРАДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА

15 ГРАДОВИ – 40 ИЗВЕДУВАЧИ:

Скопје / централна прослава
Градски парк (зад споменикот на Гоце Делчев) – 21:00
Изведувачи: Кирил Џајковски, Архангел, Këpurdhat

Куманово
Градски плоштад – 21:00
Изведувачи: Muhamed Ibrahimi, Шутка Рома Рап, PMG Kolektiv, Фолтин

Велес
Амфитеатар (Младински парк) – 21:00
Изведувачи: Слаткаристика, Ферус Мустафов

Кавадарци
Градски плоштад – 21:00
Изведувачи: Кристина Арнаудова, Нокаут

Кичево
Градски плоштад – 21:00
Изведувачи: Владо Јаневски, Adrian Gaxha

Прилеп
Градски плоштад – 20:00
Изведувачи: 5+ бенд

Охрид
Градски плоштад – 18:00
Изведувачи: Лозано, Исмаил Лумановски

Битола
Широк Сокак – 21:00
Изведувачи: Дуке Бојаџиев, Горан Кан, FLOODER, DEJAN DEX

Тетово
Градски плоштад – 18:00
Изведувачи: BIG MAMA, Дани Димитровска, HIGH CONTROL, SHPAT KASAPI

Гостивар
Градски плоштад – 21:00
Изведувачи: Ареа, FECKY FARRIS

Штип
Плоштад – 21:00
Изведувачи: ДНК, Елена Ристеска

Кочани
Трговски центар – 21:00
Изведувачи: Лепи Џони, БАКЛАВА & special guest KING NAAT VELIOV, Conquering Lion

Струга
Чаршија – 21:00
Изведувачи: Blla Blla Blla, С.А.Ф., Maci Stojanovic

Гевгелија
Плоштад – 21:00
Изведувачи: Ерик Фокс, Бени Нон Стоп + Златко Ориѓански

Струмица
Пред Дом на култура – 21:00
Изведувачи: Чалгија Саунд Систем, Љубојна

Со аплауз и честитки беше прославено денешното ратификување на договорот за името со Грција

Во отуство на опозицијата, за договорот едногласно гласаа „за“ 69 пратеници.

Ексклузивно – Константинос Селцас, единствен пратеник во грчкиот парламент кој се изјаснува како етнички Македонец

Константинос Селцас беше меѓу најсреќните лица на денешната церемонија на потпишувањето на договорот. Тој е етнички Македонец од Лерин, кој е пратеник во грчкиот парламент од редовите на владејачката Сириза на премиерот Алексис Ципрас. За Дојче веле раскажува дека долги години го чекал овој момент.

„Вложивме големи напори за да дојде овој ден. Ова е голем ден за македонскиот и за грчкиот народ“, вели Селцас.

 

Грчки медиуми: Демонстранти се судрија со полицијата во Нивици

Инцидент во Мала Преспа, грчките медиуми јавуваат дека во Нивици, во близина на местото каде што се потпишува македонско-грчкиот договор дошло до судир меѓу демонстранти и полицијата која го обезбедува настанот.

Пратеник проговори на македонски јазик во грчкиот Парламент

Пратеникот Јоргос Урзидис од Сириза кој има потекло од северна Грција, денеска во грчкиот Парламент даде поддршка за договорот со Македонија.

Тој за време на неговиот говор од говорницата се обрати на македонски јазик, односно на костурски дијалект, а потоа пораката за пријателство ја преведе и на грчки.

– Пријатели од Република Северна Македонија, како што се разбравме, време е да го оставиме назад сето она што не разделува и да го видиме напред тоа што е зваемно пријателство, сестринството и љубовта –

Величествена литија во Струга

Вчера по деветти пат во Струга се одржа литијата (Еордија) со чесните мошти на Светиот Великомаченик Георгиј и неговата чудотворна икона. Годинава литијата беше збогатена и со иконата на Сепречистата Владичица Богородица – Кринска од манастирот Пречиста – Кичевска, којашто беше носена од четворица кичевци.

Оваа година во официјалниот дел од литијата беше и градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски.

“Зајди, зајди” во познатиот Холивудски филм “300”?

Познатиот Холивудски филм “300” посветен на спартанците кои се спротивставиле на Персиската империја содржи една добро позната Македонска нумера.

Ако внимателно слушате ќе забележите дека се работи за познатата македонска песна Зајди, Зајди.

Нумерата е искористена за делот кога на сопругата на Леонид и соопштуваат дека кралот загинал во битката.

Проценете сами дали се работи за истата песна

300- Message for the Queen

 

 

Исто така „Зајди, зајди“ се најде и на саундтракот на играта Battlefield 1

Untitled.png

Скандалозна изјава на бугарскиот шоумен Слави Трифунов – од двете страни на границата живее ист народ – Бугари

Шоуто е снимано минатата година, една недела по “крвавиот четврток”

Македонија во мрак – видеа од нашата земја го обиколија светот

Големото одбележување на „Часот на планетата Земја“ во Македонија стана хит низ целиот свет! Видео инсерти и фотографии од масовната прослава во Скопје, но и од Охрид ги обиколија светските медиуми, а посебно беше поздравена акцијата со садење на илјадници дрвца низ целата република.

Македонските фудбалери во голферски филм…

Турскиот туристички центар Белек е неверојатен, нуди фантастични услови за престој и тренинзи, па фудбалерите во комплексот „Глорија Спортс центар“ се и во голферски филм. Со колички за голф доаѓаат на тренинг, до терените кои се оддалечени на околу пет минути одење.

 

View this post on Instagram

#teamspirit #Македонија

A post shared by Football Federation-Macedonia (@ffmacedonia) on

Детски хор во Словенија ја пее „Што имала к’смет Стамена“

Македонската песна надалеку се слуша и нашите изворни песни инспирирале бројни музичари од други земји, кои со задоволство ги препејувале безвременските мелодии. Еден пример за тоа е и словенечкиот бенд „Етнотрип“, кој на својот прв албум смести неколку македонски песни, меѓу кои и „Што имала к’смет Стамена“. Токму нивниот аранжман на оваа песна им се допаднал на учениците и наставничката по музичко во основно училиште во словенечкото гратче Церкно.

„Убаво е кога нашата музика инспирира негоко, особено ако станува збор за млади! Вања Лампич со својот младински хор и бендот од основното училиште во Церкно го изведе нашиот аранжман на песната ’Што имала к’смет Стамена’. Ние сме воодушевени, а вие?“, напишаа членовите на групата споделувајќи го видеото од изведбата на дечињата, а како звучи сето тоа слушнете во продолжение. Уживајте!

Мила од Македонски Брод ги освои Русите со македонска песна

Пеењето на 11-годишната Мила Пеовска од Македонски Брод многумина го нарекуваат „совршено“. Ова девојче пее македонски народни песни со огромна емоција, а луѓето што ја слушаат велат дека ги остава без здив.

На интернет неодамна се појави снимка од пред три години од Интернационалниот етно-фестивал во Воронеж, Русија. На снимката Мила има само 8 години и ја пее „Ој Јано, Јано“.

Супер гол на Стојанче Стоилов

Стојанче Стоилов го постигна најубавиот од 50-те гола во емиционалното соочување на Германија и Македонија. Капитенот на Вардар при 16-16 без гледање со голема мајсторија го совлада Волф и го најави нашиот успех.

Great pass and beautiful goal from Stoilov against Germany | Men’s EHF EURO 2018