Лина Пејовска ја претстави и македонската варијанта, на „Одлучи се“

Веднаш откако ја објави српската верзија на својот нов сингл насловен „Одлучи се“, Лина Пејовска ја претстави и македонската варијанта, овој пат со наслов „Топло-ладно“. Како и на претходната, макфестовска балада „Ако ме сакаш“, автор на новиот сингл е Дарко Димитров, кој се потпиша на музиката, аранжманот и продукцијата, додека стиховите се дело на Елена Ристеска.

Advertisements

Лина Пејовска воодушевува со новиот сингл и видео за „Одлучи се“

Станува збор за вистинско освежување на македонската, но и регионалната сцена, имајќи предвид дека песната е снимена во две верзии – на македонски и на српски јазик, а сето тоа визуелно спакувано од Бошко Столиќ и продукцијата „Меџик рекордс“ прави целиот производ да звучи и изгледа свежо, модерно и тренди.

Овој одличен сингл е чекор во вистинската насока за младата Пинкова ѕвездичка, за која веруваме дека ѝ претстои успешна и блескава кариера, а како изгледа и звучи „Одлучи се“, дознајте во продолжение. Уживајте!

Нова верзија со светски призвук – “Ако ме сакаш” на Лина доби ремикс!

15-годишната Лина Пејовска, која јавноста ја запозна преку учеството во музичкото шоу “Пинкови ѕвездички”, годинава за првпат настапи на фестивалот на забавни мелодии “Макфест”, каде ја испеа баладата “Ако ме сакаш” чии автори се Дарко Димитров (музика) и Елена Ристеска (текст).

Темата деновиве доби и нова верзија, односно продуцентот Зоран Алексиќ направи ремикс и и даде на песната светски призвук, а младата пејачка не планира да застане овде, па многу наскоро ќе ја изненади публиката со сингл за кој ќе снима и видео.

 

Lina Pejovska – Ako Me Sakas (Zoran Aleksic Remix)