Лесно победена Летонија со 2-0, Македонија остана во игра за второто место

Победа според планот во Рига и прв гостински триумф за македонската репрезентација. Совладана е Летонија со 0-2 (0-2) за приклучок кон врвот на групата во евро-квалификациите.

Во 14. минута Елмас проби по левата страна, несебично го најде капитенот Пандев, кој со ефектен удар под пречка ја погоди летонската мрежа (0-1). Само три минути подоцна, Летонците не ја расчистија опасноста по уште една акција по левата страна, па Барди натрча и со прецизна дијагонала ја дуплира предноста (0-2).

Advertisements

Победнички старт на Македонија, надиграна Летонија со 3 – 1 во евро-квалификациите

Македонската фудбалска репрезентација одигра одличен натпревар и со победа над Летонија од 3-1 (2-0) ги започна квалификациите за ЕП 2020. Пандев го запиша стотиот настап, а на „Филип Втори“ 10.000 луѓе го поздравија нашиот лидер и репрезентативен капитен.

По почетното испитување на силите, во 11. минута Езџан Алиоски прифати една топка од Пандев по левата страна, биеше по земја и го изненади гостинскиот голман Ванинс, кому топката му побегна под рака и заврши во мрежата (1-0).

По половина час предноста се зголеми на 2-0, откако по ударот на Несторовски, гостинската одбрана одби, а Елмас на вистинското место ја погоди целта и стана втор најмлад стрелец во нашата репрезентативна историја (2-0).

Во второто полувреме еден прекин ги расипа нашите планови и Исајевс со глава ги натскока нашите дефанзивци и го ублажи поразот на 2-1. Нашите репрезентативци бараа недозволена позиција, но судиите го признаа голот. Летонскиот фудбалер за врска Циганикс заради два жолти картони предвреме го заврши натпреварот. Кога сите очекуваа последен судиски свиреж, Елмас со прекрасно пласиран удар со левата нога ги постави конечните 3-1.

Untitled.png

Деби гол на Елмас – му го посвети на Пандев и стана втор најмлад стрелец за Македонија!

Македонскиот фудбалски бисер Елиф Елмас влезе од клупата за резерви на натпреварот против Летонија на местото на Ферхан Хасани и веднаш се запиша во листата на стрелците (2-0).

По краток временски интервал, „бисерот“ на Фенербахче погоди во 30. минута, по една одбранета топка по шут на Илија Несторовски. Елмас немаше шанса да погреши, затоа што беше осамен пред мрежата.

Елмас со 19 години и шест месеци, со голот против Летонија стана втор најмлад стрелец во историјата на Македонија, по Горан Пандев (19 години и 1 месец) и Влатко Грозданоски (19 години и 8 месеци).

Untitled.png

Пандев – Алиоски…., Македонија веднаш го скрши отпорот на Летонците

Македонската репрезентација, согласно посакувањата, во раната фаза од натпреварот стигна до водство против Летонија во првиот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2020.

На националната арена „Филип Втори“, Македонија дојде до водство уште во 11. минута од натпреварот со погодокот на Езгијан Алиоски. Горан Пандев одлично поведе акција асистирајќи по левата страна за Алиоски чиј удар од околу 15 метри заврши во мрежата на Летонците….

Untitled