Криско е „Незаменлив“

Бугарската хип-хоп ѕвезда Криско, кого македонската публика најдобро го знае по соработката со Слаткаристика за хитот „Тик-так“, како и по гостувањата во рамките на заедничката турнеја „Една љубов“, деновиве го објави својот нов сингл насловен „Незаменим“. Станува збор за уште едно авторско дело на самиот Криско, чиј потпис стои на музиката, стиховите и на продукцијата, а аранжманот му е заеднички со Шоумјузик и Евгени Димитров – Маестрото.

Advertisements