Криволак ќе стане најдобриот тренинг центар на НАТО во Европа

Криволак, најголемиот македонски армиски полигон. Но, наместо воени вежби, на терен интензивно се работи на реконструкција на старата и изградба на нова патна инфраструктура. Целта е за четири месеци Криволак да стане најдобриот полигон за армиски вежби на НАТО на европскиот континент.

До почетокот од ноември Криволак треба да добие обиколница, но и внатрешно патно поврзување со вкупна должина од 75 километри. Армијата работи со сопствени човечките ресурси и механизацијата.