Перо Антиќ нов предводник на мак баскетот

Првиот и засега единствен Македонец во најсилното светско кошаркарско првенство, НБА лигата Перо Антиќ е новиот претседател на македонската кошаркарска федерација.

Advertisements

Кошаркарите на Филипини и Австралија се испотепаа на квалификации

Кошаркарите на Филипини и Австралија се испотепаа за време на квалификациите за светското првенство во Кина во 2019 година. Филипини веќе губеа со доста поени кога почна кошкањето кое заврши со групна тепачка и мавање кому иде.

Триумфот на Голден стејт во сенка на страшната повреда на Патрик Мекоу

Вориорси ја прекинаа низата од три порази, но сето тоа мина во сенка на ужасната повреда на Патрик Мекоу. Тој после скок во контакт со Винс Картер незгодно падна, па на носилки беше изнесен од терен.

Далматинското кошаркарско дерби заврши со хаос и тепачка

Натпреварот од хрватската кошаркарска лига помеѓу Сплит и Задар имаше шокантна завршница откако натпреварот, во кој Задар победи со 88:102, беше завршен со само осум кошаркари (4×4) откако другите беа исклучени по масовната тепачка.

Oва го нема ни во НБА, ја скрши таблата со спектакуларно забивање

На натпреварот меѓу Барселона и Црвена Звезда во Евролигата се случи најинтересниот момент оваа сезона.

Играчот на Барселона Анте Томиќ со спектакуларно забивање преку нашиот Пери Антиќ ја пукна таблата.

Топ 10 потези на Евробаскетот: Дончиќ, Порзингис, Гасол…

По завршувањето на секое првенство во кошарка, па и овој Евробаскет, а како„ шлаг на тортата“ по двенеделните збиднувања на терените, ФИБА ги претставува најдобрите десет потези од првенството.

Top 10 Plays w/ Porzingis, Markkanen, Gasol and more! – FIBA EuroBasket 2017

Кога во Грција сакаш да прославиш титула кај ривалот

Додуше ривал е мал збор за душманската омраза која владее меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос. Во финалето на грчкиот плејоф, црвено-белите од Пиреја водеа 2-1 во партии, но зелено-белите од Атина направија целосен пресврт и синоќа ја освоија титулата после две години.

Српски кошаркар се најде во „Shaqtin a fool“

Кошаркарот на унгарскиот тим Јасберењи, Андрија Бојиќ го привлече вниманието на познатата американска емисија „Shaqtin a fool“ во која легендарниот Шекил О Нил објавува интересни видео материјали од мечевите ширум светот.

Тимот на Бојиќ губел со 17 разлика, а по еден пробив добил прекршок.

Очигледно изнервиран што неговата екипа губи, наместо да изведе слободно фрлање Бојиќ тргна на кошот и оствари забивање. Овој потег на Бојиќ ги шокира сите во салата. Судиите не ги признаа поените и досудија топка за противничката екипа.