Драма во Москва: Англија по пенали до битка со Шведска на СП

епрезентацијата на Англија е последниот патник во четвртфиналето на светскиот шампионат во Русија. „Гордиот албион“ оваа вечер по еден исцрпувачки меч и по изведувањето на пенали успеа да ја турне Колумбија и да се најде меѓу осумте најдобри селекции на овој 21 мундијал.

Англија беше подобра и поконретна во регуларниот дел, но не го реши на време прашањето околу победникот и прими гол во 93 минута од дефанзивецот Мина за 1-1 и продолжение во Москва. Дополнителните 30 минути не донесоа ништо позначајно, па се пристапи кон изведување на удари од 11 метри во кои момците на Герет Саутгејт беа поуспешни и со 4-3 закажаа битка со Шведска.

Хендерсон не реализираше за Англија, додека пак на спротивната страна промашија Урибе и Бака.

Untitled.png

Advertisements

Јери Мина херој за Колумбија, жолтите картони го оставија Сенегал без осминафинале на СП!

Расплетот на групата Х на Светското првенство во Русија ни ги донесе и најголемите возбудувања, бидејќи на крајот решаваа жолтите картони за тоа кој ќе биде втор патник во осминафиналето покрај Колумбија.

Ова попладне на распоредот беа дуелите меѓу Колумбија-Сенегал и Јапониј-Полска, а во случај кога во текот на сите 90 минути постојано се менуваше распоредот на групата, на крајот Колумбијците сами си ја решија судбината, додека Јапонците со голема среќа се пласираат во осминафиналето.

Колумбија го победи Сенегал со 1:0, а херој на „кафетеросите“ беше Јери Мина кој имаше небесен скок во 74-та минута за водство и пласман во осминафиналето. До овој момент, први во групата беа играчите на Сенегал, но сепак последните 20-тина минути со судиското продолжение се покажаа како премалку да постигнат гол за израмнување. Така, Сенегалците од добитна ситуација, на крајот се ставија во положба да испаднат од мундијалот, а верувале или не, причина за тоа е фактот што имаа два жолти картони повеќе од Јапонците во трите одиграни натпревари во групната фаза.

Untitled.png

Колумбијците ја совладаа Полска со 3-0

Фудбалската репрезентација на Колумбија ги зголеми надежите за пласман во осминафиналето на Светското првенство, совладувајќи ја Полска со убедливи 3-0. По непријатниот пораз од Јапонија, фудбалерите на Хозе Пекерман вечерва блеснаа во полн сјај и одиграа на високо ниво. Колумбија сега има три бода, и ќе мора да одигра најдобро што знае и умее и во третото коло против Сенегал, кој има бод повеќе, исто како и Јапонците.

Untitled

Јапонските навивачи ја чистеа трибината по натпреварот со Колумбија

Јапонските навивачи го зачудуваат и воодушевуваат целиот свет со своето пристојно однесување на Светското фудбалско првенство во Русија.

По вчерашниот натпревар со Колумбија каде што Јапонија победи со 2-1, верните поддржувачи на “сините самураи” и покрај еуфоријата, не заборавија да ја остават трибината на „Мордовија арена“во Саранск каква што ја најдоа – чиста.

По завршување на средбата ги засукаа ракавите, зедоа вреќи за ѓубре и почнаа „акција“ за чистење на ѓубрето што го направија, по што го напуштија стадионот.

Јапонија – Колумбија 2-1 | Прва победа на една селекција од Азија против ривал од Јужна Америка на светските шампионати

Јапонија го стартуваше настапот на СП 2018 со голема победа над Колумбија, совладувајќи го незгодниот противник со 2-1. „Самураите“ им се одмаздија на Колумбијците за поразот од 1-4 во групната фаза од претходниот мундијал, максимално користејќи ја предноста од фудбалер повеќе по раниот црвен картон што го добија противниците. Ова воедно беше и историска победа, прва на една селекција од Азија против ривал од Јужна Америка на светските шампионати.

Untitled.png