Познатиот македонски музичар Кирил Џајковски го објави својот нов сингл „Music Man“

Познатиот македонски музичар Кирил Џајковски го објави својот нов сингл „Music Man“. Новото дело на Кирил во официјална дистрибуција ќе се појави на 12-ти јули во издание на “Филтер лабел”

Синглот е уште една соработка со пејачот Лајон Д, песната е мелодична комбинација од реге и џангл влијанија, промовирана во живо изминатиов период и одлично прифатена од публиката. Видеото е снимано на неодамнешното издание на “Skopje street festival”.

На 12-ти јули, водечкиот македонски уметник на електронската музика гостува со live настап на “Д Фестивал” во Дојран, каде што на главната бина ја предводи програмата за отворањето на Фестивалот. За оваа прилика, покрај неговиот концертен бенд и вокалистот Лајон Д, со Џајковски на сцената ќе настапи и ТК Вондер, како специјален гостин на ова издание на кое ќе бидат изведени и нови песни од нивната долгогодишна соработка.

Advertisements

ЕКСКЛУЗИВНО – „Reminder“, нов сингл и видео на Кирил Џајковски

Македонскиот композитор и продуцент Кирил Џајковски го објави новиот сингл Reminder“, за кој е изработен и одличен видео спот, а со кој Џајковски се враќа на сцената по подолга дискографска пауза. Песната „Reminder“ е прва соработка со новиот член на неговиот концертен бенд, вокалистот Дејвид Лајон (David Lion) и претставува храбра комбинација на балкан-бит звукот со глич-хоп и реге-влијанија.

Djaikovski Ft David Lion – Reminder (Official Video)