Погледнете го настапот на Каролина на МАС 2019 во Белград

Во вторникот, на 29 јануари, во арената „Штарк“ во Белград се одржа првото доделување на регионалните музички награди „Мјузик авордс серемони“, или МАС 2019, во чии рамки настапија и едни од најголемите музички ѕвезди во регионот, меѓу кои и нашата Каролина Гочева.

Пејачката беше номинирана во категоријата најдобра етно-песна, каде што за темата „Ти не дојде“ од актуелниот албум „Извор“ ја освои наградата од публиката.

Токму оваа емотивна балада ја изведе и во живо, а одличната сценографија дополнително го збогати нејзиниот настап кој можете да го погледнете во продолжение.

Advertisements

Каролина Гочева ја доби наградата “Најдобра етно нумера“ на MAC Awards

Македонското девојче, Каролина Гочева вчера вечер ја доби наградата “Најдобра етно нумера” на MAC Awards. MAC Awards или Music Awards Ceremony се првите регионални музички награди. Церемонијата на доделување проследна со спектакуларни настапи на ѕвездите од регионот се одржа вчера во Комбанк арена во Белград.

38-годишната македонска ѕвезда ја доби наградата за Најдобра етно нумера за песната “Ти не дојде”, од нејзиниот најнов албум “Извор”.

Каролина Гочева со видео запис за „Бели цветови“!

Најновиот видеозапис на Каролина Гочева е за песната „Бели цветови”, нумера која е дел од албумот „Извор”.
Спотот се снимаше на повеќе локации низ Скопје, во режија на Чедо Поповски.

За новиот спот Каролина вели:
„Драги мои, со задоволство ви го претставувам видеозаписот за највеселата песна од албумот, ‘Бели цветови’. Се надевам дека нашава убава приказна дополнително ќе ви ги разубави овие последни сончеви денови. Уживајте!”

Каролина ги претстави своите „Ѕвона“

Каролина конечно нè израдува со нов материјал, а она што претставува вовед во нејзиниот нов албум ветува уште едно антологиско дело. Имено, популарната пејачка штотуку го објави првиот сингл од наследникот на „Македонско девојче 2“, а за темата насловена „Ѕвона“ повторно ги здружила силите со композиторот Николче Мицевски, кој се потпишува на музиката и аранжманот, додека стиховите се дело на Весна Малинова Бабамова.

„Чалгиска“ на Каролина доби шербет верзија

Младите музичарки познати како триото “Шербет” ја преработија познатата песна “Чалгиска”, на поп-ѕвездата Каролина Гочева.

Снимањето на песната било во паркот на познатата Шарена џамија во Тетово.
“Овој пат одбравме песна од Каролина, која со леснотија нè префрла во едно друго време”, велат девојките од триото “Шербет”.
Групата “Шербет” ја сочинуваат три млади тетовки,  Теодора Ветероска, Ана Марија Блажеска и Марија Костоска. Девојките се познати по преработките на многу македонски песни, и стари и нови.

ВИДЕО: „Кој да ми запее“ – дует на Каролина и Џош Стоун во Градски парк во Скопје

Светски познатата пејачка Џош Стоун која неодамна настапи на Скопскиот џез фестивал на својата Фејсбук страница објави видео од дуетот снимен во Градскиот парк во Скопје. На видеото таа заедно со Каролина Гочева и музичари ја изведуваат „Кој да ми запее“ на Гочева.

Joss Stone Karolina Goceva