Фени станува Еуроникел Индустри, се спроведува реорганизација

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев денеска ја посетија фабриката Еуроникел Индустри во Кавадарци, порано позната како Фени Индустри.

Advertisements

Чарлс и Камила „паднаа од смеење“ на сериозен настан

Британскиот принц Чарлс и неговата сопруга Камила беа во посета на канадскиот град Икалуит, по повод 150-годиншнината од формирањето на Канада, каде локалните жители организираа свечен пречек и презентација на нивната кулура.

Сепак, некои локлани обичаи им беа толку многу смешни на високите гости од Лондон, па кралската двојка не престана да се смее.

Ним особено им беа смешни двете пејачки на катајаг, традиционален вид на пеење што се изведува во дует, при што за разлика од модерното пеење, ова се изведува од грло и со вдишување.

Ден Талевски ја лансираше новата „Ракета“

Младиот канадски пејач со потекло од Македонија, Ден Талевски, е на добар пат да го освои светот. Тој денеска го претстави својот најнов сингл и видео запис насловен „Rocket“, чиј заразен ритам потсетува на хитот „Wanna Be Startin’ Somethin’“ (1982) од Мајкл Џексон, како и „Wrapped Up“ (2014) од Оли Мрс.

Dan Talevski – Rocket

Потенцијалниот хит e четврт по ред, официјален сингл на Талевски, кој во ноември ќе настапува како домашна поддршка на концертите на Ник Картер (Бекстрит бојс) во Канада.