Tag: Исланд
Нигерија го шокираше (2-0) Исланд, за надеж и за Меси и компанија…
Репрезентацијата на Нигерија ја направи Групата Д на Светското првенство во Русија и тоа како интересна пред последното трето коло откако славеше со 2-0 против Исланд.
Нигеријците сосема заслужено стигнаа до триумфот по што, по поразот од Хрватска на стартот, сега се вратија во игра и за осминафиналето на Мундијалот 2018.
Nigeria v Iceland – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 24
СП 2018: Аргентина ремизираше со Исланд, Меси промаши пенал
Еден од главните претенденти за освојување на трофејот на Светското првенство во Русија, Аргентина, го започна со реми учеството на Мундијалот 2018.
Во првиот натпревар од групата „Д“, „гаучосите“ не успеаја да го победат дебитантот Исланд, откако мечот заврши 1:1.
Голем „грешник“ на тимот беше Лионел Меси. Ѕвездата на Барселона беше најактивен за неговиот тим, но промаши пенал во средината на вториот дел. Тоа беше четврто промашување за него од белата точка од неговите последни седум обиди.
Резултатот го отвори Серхио Агуеро во 19-тата, но само четири минути подоцна изедначи Алфред Финбогасон.