Три нови разговори на Јутуб меѓу Јанушев и Јанакиески

– Во три нови разговори кои денеска беа објавени на Јутуб каналот од „Обнова на режимот“ се слуша како носителот на листа во третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев со поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески договараат исклучување на лифтови во згради додека граѓаните одат на гласање.

Во една од разговорите се случа како Јанакиески го прашува Јанушев како е задоволен од изборите, а во друга „бомба“ пак двајцата соговорници договараат исклучување на струјата во одредени места во точно одредено време.

 

Нови снимки на Јутуб, Јанушев и Јанакиески договараат чартер летови а фактурите ги плаќа Бетон

Миле Јанакиески му дава инструкции на Игор Јанушев да обезбеди чартер летови за гласачи од Италија и Швајцарија

МЈ: Вие резервирајте 2 авиона, ако треба вториот и празен нека биде!
ИЈ: Шефе тоа се можеби плус 150 илјади евра.

ИЈ: Шефе вкупно се 190 илјади евра, јасно и гласно што да правам?
МЈ: На Бетон пушти му ги фактурите да плати.

Уништување на документи…

Нови „бомби“ за ВМРО-ДПМНЕ: Јанушев разговара со „шефот Јанакиески“ за списоци со гласачи

Јанушев: Еј шефе.

Јанакиески: МИОА, наводно, списокот што си го внесол ти како МИОА немало врска со тоа.

Јанушев: Сигурно? Кој го вика тоа?

Јанакиески: Оваа Даниела, кука сега. Ме нервира, негативна, у пи*** мајчину.

Јанушев: Која е таа Даниелче?

Јанакиески: Даниела, оваа што е од општинскиот комитет.

Јанушев: Шефе, 20 луѓе има што се бележано како МИОА. Значи, тие што се бележани 20, ако дале 100, значи 80 се поклопувале. Овие што се… никој не гарантирал за нив. Првиот не е бележан, само стои дека работи таму, никој не го обележал, не знам дали од партија…

Јанакиески: (не се разбира)… не работеле, ајде.

Јанушев: Од таа ми е преку к** више, 50 мејлови прати. Ако ја видам наредниот пат, утревечер, ќе ѝ дадам еден бокс у фаца.

Јанакиески: Ај чао.