Неверојатно – Бора Чорба му посвети песна на Ивица Дачиќ (ВИДЕО)

Музичарот, поет и водач на легендарната група „Рибља чорба“, Бора Џорџевиќ, посвети нова песна на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.

Чорба песната, како што објасни, ја направил во знак на благодарност што за време на неговиот мандат 14 земји го повлекле признавањето на Косово.

Џорџевиќ истакнува дека ова е голем успех за Србија и на овој начин сакал да му се одолжи на Дачиќ. „Рибља чорба“ песната премиерно ја изведе во Јагодина, пред повеќе од 6 илјадна публика.

Advertisements

Дачиќ – Од Палмер не очекувам ништо, ама многу очекувам од жена му!

– Од Палмер не очекувам ништо, ама многу очекувам од жена му!

Ова го кажа Дачич на самитот во Блед, Словенија. Сопругата на новиот американски дипломат задолжен за балканот, Метју Палмер е со српско потекло.

Дачиќ ја нападна Македонија: “И Македонија е меѓу лицемерите за промената на границите”

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, порача дека треба им биде срам на оние лицемери што денес говорат дека нема да има повеќе промена на границите. Дачиќ истакна дека ова важи и за Македонија, која се сетила дека нема да има промена кога претходно ја поддржала независноста на Косово.

Дачиќ му ја пееше на Ердоган „Осман ага“

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ пееше на свечената вечера во Белград, во чест на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

По настапите пред амбасадорите со „О соле мио“, пред партиските истомисленици со„Миљацка“ и „концертот“ со грчки и српски песни за наставничките во Паралија, Дачиќ среде вечерата го зеде микрофонот и почна да пее на турски јазик, што предизвика воодушевување кај присутните, над сто турски бизнисмени кои му аплаудираа во тактот на музиката.

Dačić pevao i Erdoganu

Дачиќ „трчка“ по автограм од Трамп сред состанок во ОН

Кратката средба на министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, и  претседателот на САД Доналд Трамп, кој Министерството за надворени работи го претстави како „состанок“ веројатно ќе влезе во аналите на светската дипломатија. Меѓутоа, причината е повеќе од бизарна – пишува српски Курир додавајќи дека Дачиќ, влетал среде состанок на Обединетите нации и всушност од Трамп барал да му даде автограм на заедничка фотографија направена во 2013-та година, пред тој да стане претседател на САД.

Преземено од http://www.libertas.mk

Дачиќ одржа “мини концерт” во Паралија

Српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ, во грчкото одморалиште Паралија одржал мини концерт, пишуваат српските медиуми.

Дачиќ испеал 10 песни пред 300 српски наставници и ученици од Јагодина, кои во Паралија се дојдени за да разменат искуства со своите грчки колеги.