Легендата Калински повторно на коментаторското столче

ВИДЕО: Заплака Болт, заплака и Калински – „Ќе се сеќаваме на него како на најголемиот во историјата“

Златко Калински стана синоним за атлетските преноси во нашата земја децении и децении, првенства и Олимписки игри. Последната негова работна задача беше финалната трка на 100 метри на Светското првенство во Лондон, каде полн со емоции ја пренесе последната „стотка“ на „молњата“ Болт и неговиот (не)очекуван пораз.

Професионално и максимално подготвен и за изненадувачкиот исход, Калински си ја заврши работата, а на крајот го надвладеаја солзите при одјавата и поздравот до гледачите.

Погледнето го и чујте го последниот коментар на Златко Калински:

Болт е бронзен, но Златко е ЗЛАТЕН! Калински ја коментираше последната трка пред пензија

Од пред неколку месеци пензионер, Златко Калински – бардот на македонското спортско новинарство доби подарок од неговата матична куќа, Македонската радио телевизија, со трката на 100 метри на Светското првенство во атлетика во Лондон да се прости со стил и онака како најдобро што го препознаваат гледачите.

Погледнете ја легендарната „стотка“ со коментарот на Златко Калински: