Во полско село со 300 жители речиси една деценија не се има родено машко дете

Во полско село каде речиси една деценија не се има родено машко дете, идните пожарникари мора да се регрутираат меѓу девојчињата во селото…

Advertisements

Руски авион со 234 патници принудно слетал во ниви со пченка

Руски патнички авион на компанијата Урал ерлајнс, принудно слета во нива, во близина на аеродромот „Жуковски“, набрзо по полетувањето од Москва, поради технички проблеми откако птици влегле во двата мотора на леталото. Никој од 234 патници и членови на екипажот не е повреден.

Како естониска полиција се справува со брзи возачи

Ако си љубител на брзо возење, немој да идеш во Естонија. Полицајците таму не толерираат кога некој се прави мангуп и го решаваат по брза постапка.

ЌЕ ПУШAM ДОДЕКА НЕ ЦPKНАМ: Легендарна реакција на госпоѓа за забpaната за пушење на јавни места

Телевизијата Хајат направила анкета меѓу граѓаните на Сараево за тоа дали го подржуваат овој закон или не – и додека некои се сложуваат дека чадот од цигарите треба целосно да се зaбрaни бидејќи е многу штетен, други сметаат дека е тоа нивно граѓанско право.

Фризерката Светлана Зуламоска Гроздановска изработува уникатни портрети со остатоци од коса

Фризерката Светлана Зуламоска Гроздановска изработува уникатни портрети со остатоци од коса. Изработката трае и по неколку часа, но портретите на подот стојат само неколку минути

Во 2018 најамногу бракови во август – 1665, најмалку во март

Зимските месеци се период кога има најмногу разводи во Македонија, а според траењето на бракот, најголем број разводи или 322 се случиле од 5 до 9 години по склучување на бракот

“Бебето од Бекутан” наполни 20 години

Давид Галевски, едно од најпознатите бебиња на територија на поранешна Југославија наполни 20 години, тој на 10 месеци беше заштитно лице на детската козметика на производите на Бекутан

Скопје ЗОО и во медумите во Обединетите Арапски Емирати

Скопје ЗОО и во медумите во Обединетите Арапски Емирати. Малото гибонче го привлекува вниманието низ целиот свет ❤️

صغير “الجيبون” يلتقي الجمهور للمرة الأولى بمقدونيا

Скопје го добива првиот триатлон натпревар

Скопје го добива првиот триатлон натпревар кој ќе се одржи на 9 јуни, а стартот и целта на натпреварот „Топси Триоги Триатлон“ ќе биде во Спортскиот центар Борис Трајковски

Реисот Реџепи: “ролексот ми го подари православен македонец, сопственик на хотел Горица во Охрид”

Поглаварот на Исламската верска заедница на Македонија, реис Сулејман Реџепи, во интервју кажа дека часовникот кој го носи на раката му е подарок од охридски бизнисмен, сопственик на хотелот Инекс Горица.

Интересно видео – Јупитер и неговите 79 месечини

Јупитер е петата планета од Сонцето и најголема во Сончевиот систем. Таа е гигант планета со маса една илјадитина од Сонцето, и 2.5 пати потешка од останатите планети во сончевиот систем заедно.

Гледано од Земјата, Јупитер достигнува магнитуда од -2,94, доволно светла за нејзината рефлексија да фрла сенка, правејќи го во просек третиот најсветол природен објект на ноќното небо по Месечината и Венера.

Јупитер има 79 познати месечини, вклучувајќи ги и четирите големи Галилејски месечини отриени од Галилео Галилеј во 1610. Ганимед, најголемата од нив, има дијаметар поголем од оној на планетата Меркур.

Jupiter and it’s 79 moons

Колку езера има во Македонија? Дознајте во видеото…

Во Македонија, верувале или не, има преку 190 езера. Пред околу милион години, речиси во секоја котлина имало големо котлинско или тектонско езеро, а некои од нив биле значително поголеми и од денешното Охридско Езеро

 

Јункер ќе ѝ ја запалеше косата на првата дама на Руанда

Првиот човек на Европската комисија Жан Пол Јункер, за време на церемонијата за оддавање почит на жртвите од геноцидот во Руанда пред 25 години, во кој беа убиени повеќе од 800.000 илјади луѓе, за малку ќе ѝ ја запалеше косата на сопругата на претседателот на Руанда, Пол Кагаме.

Откако тројцата добија запалени факели, со кои симболично го запалија меморијалниот оган, 64 годишниот Јункер се заврте да ѝ го подаде својот факел на една од членовите на протоколот, но заборави дека претседателот Кагаме и неговата сопруга Жанет се во непосредна близина на огнот…

Популарното „фиќо“ се враќа на македонските патишта со електромотор со кој може да се достигне максимална брзина од 145 километри на час

Популарното „фиќо“ се враќа на македонските патишта со електромотор со кој може да се достигне максимална брзина од 145 километри на час

Македонската песна надалеку се слуша – куварот од Тајланд во дует со Марјан Коцев

Македонскиот фолк пејач Марјан Коцев моментално се наоѓа на турнеја во Австралија, а неговиот престој во Сиднеј го искористи да се сретне со момчето од Тајланд, кое стана хит на социјалните мрежи пеејќи ја неговата песна “Ти, само ти”.

Во Загреб ја наместија паричката да му се падне на градоначалникот Бандиќ

По повод православниот празник, во Загреб денеска се одржал традиционален прием во организација на Српскиот национален совет, на кој се кршело и традиционалното бадниково лепче.

Токму овој адет предизвика големи реакции, кога на „Твитер“ се појави снимка на која попот ја дава паричката на претседателот на Српскиот национален совет Милорад Пуповац, а тој тајно му ја подава на загребскиот градоначалник Милан Бандиќ.

Хит во светот – неуспешен обид на жена да наполни електричен автомобил на бензинска

Речиси 12 милиони прегледи за два дена има видеото направено од еден Американец кое прикажува жена како се обидува да го наполни својот Тесла, електричен автомобил, на бензинска станица. Збунетата сопственичка на Тесла автомобилот безуспешно се обидуваше да најде каде се полни автмобилот.

Обидот на сопственичката на електричниот автомобил траеше речиси 3 минути и исто толку слатко се смеееше авторот на видеото. Дури потоа неговиот сопатник излезе и ѝ кажа на жената за што се работи.

ЗОО негувателот Ристе од Скопска Зоолошка градина стана главна ѕвезда на сите светски сајтови

Жирафите Флопи и Каспер заедно со нивниот негувател Ристе Трајковски од Скопската Зоолошка градина деновиве се главни ѕвезди на сите интернет портали.

Ристе се грижи за нив повеќе од седум години, а нивните фотографии полни со љубов и емоции го заобиколија светот.

Полицијата во Дубаи почна да ги тестира летачките моторцикли

Полицијата во Дубаи почна да ги тестира летачките моторцикли и да ги обучува полицајците како да ги возат со цел тие за што пократко време да можат да стигнат до инаку недостапни предели.

Hoversurf е руската компанија со седиште во Калифорнија која на Дубаи му ја подари првата серија од моторциклите EVTOL (кратенка од електричен велосипед со вертикално полетување и слетување) откако минатата година беше потпишан договор.

Футуристичките возила треба да станат дел од редовната флота на полицијата до 2020 година. Деновиве на YouTube се појави видео на кое се гледа како еден полицаец управува со летачки моторцикл. Како што велат властите на Дубаи, моментално има два тима кои се обучуваат, а во иднина тој број ќе се зголеми.

Почна со работа нов бар во Скопје каде вработените се лица со одредена попреченост

Од синоќа почна со работа нов бар во Градскиот трговски центар во Скопје каде вработените се лица со одредена попреченост. Ова е еден од ретките случаи каде идејата е поттикната од сопственик на локал. Во оваа иницијатива е вклучен и Филозофскиот факултет.

Еден од вработените е младиот Филип. Тој вели дека се чувствува убаво кога работи и дека вака е повеќе почитуван меѓу луѓето.
На отворањето присуствуваа огромен број граѓани кои дадоа поддршка на идејата.

 

За љубителите на теории на заговор – чуден гол од Русија

На меч од руската втора лига меѓу екипите на Волгар Астрахан и Спартак од Владивосток, стоперот Роман Локтионов дал ист гол како и пред седум години против ист противник, од исто место и во исто време.

Венецијанците не се предаваат – седат во ресторани иако има вода до колена

Инстаграм хит: Мамо, може ли да се оженам?

Никола Ќориќ од околијата на Нови Сад стана Инстаграм хит и ја направи својата венчавка незаборавна.

Имено, кога матичарката го праша – дали стапува вo брак по своја слободна волја, тој одговори: „Почекајте, не сум ја прашал мамичка”, што предизвика насмевки и кај невестата и кај гостите.

 

Што прави монтажер кога не му се допаѓа пејачот на песната

Сме виделе секакви преноси и монтажи на манифестации, али како ова не. Горан треба да настапи со песната „Мајко мила мајчице“, али изгледа монтажерот не му е баш фан, па место него во преден кадар, ги дава завесите, па човек како поминува по неколку пати.

Бик со запалени рогови усмрти човек во Шпанија

Човекот починал за време на фестивалот на „Торо емболадо“, што во буквален превод значи бик со топки. Манифестација типична за Валенсија и јужна Каталонија за време на која бик шета по улици со дрвени конструкции на роговите и запалени топки додека минувачите се обидуваат да го избегнат.

Денес е Трамп, утре Есма – талентот на Андријана, младата велешанка со сенки и моливи се претвора во различни ликови

Денес е Трамп, утре Есма – талентот на Андријана
Младата велешанка, Андријана Стојановска BeautyAnica со сенки и моливи се претвора во различни ликови. Од талентот за визуелни трансформации или филмска шминка не може да се живее. Но, се надева ќе се отворат школи или курсеви барем за филмска шминка. Што друго има да порача Стојановска?

Американскиот претседател Доналд Трамп не знаеше како се користи телефонот на неговото биро

Почетокот на телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот мексикански колега имаше малку чуден почеток. Трамп не знаеше како да го приклучи повикот на неговиот телефон.

Нов опасен предизвик на Интернет: Девојки скокаат од автомобил во движење и играат

Познатиот пејач Дрејк постави нов челинч во кој на негова песна девојки скокаат од кола во движење и играат додека истата се движи. Станува збор за предизвикот “In My Feelings”, кој е познат и како “Кики предизвик”

Наместо да танцуваат покрај пааркирани автомобили, тие излегуваат од автомобил во движење и танцуваат на новата песна на „Дрејк“ но за жал не секогаш и на секого му успева тоа.

Дури и полицијата од се приклучи кон предизвикот.

„МИЛИОНЕРЧЕ“ го погоди в срце: Пејачка доби бакшиш од 6000 евра на македонска крштевка!

Пеачката се вика Андријана Костадиновска а типот не се знае кој е. Дешавката наводно е приватна крштевка во Скопје. Песната е „Милионерче“, а бакшишот 6.000 евра. На здравје.

Бурето за вода Hippo Roller им го олеснува животот на жените во Африка

Двајца инженери од Јужна Африка дизајнирале тркало, кога сфатиле дека во него може да стават вода и да го користат како буре. Од таа идеја се родило Hippo Roller и сега го менува животот на луѓето од земјите во развој.

Hippo Water Roller има за цел да ја олесни секојдневната борба на жените и децата во африканските земји со цел полесно да носат вода од изворите кои се лоцирани далеку од домовите.

Наместо да носат кофа со 20 литри вода на главите, тежината на водата останува на земја во бурето кое се тркала. Прикачената рачка им овозможува на жените да го туркаат без голем напор. Освен тоа, може да собере 5 пати повеќе вода отколку една кофа.

Корејски новинар нападнат од две Русинки

Корејски новинар бил нападнат од две Русинки за време на преносот по повод првенствово во Русија. Новинарот не очекувал дека Русинките ќе го нападнат со бакнежи, па се нашол во небрано.

18 годишна девојка ги издрибла фудбалерите на Норвешка

Познати фудбалери од Норвешка ги очекуваше големо изненадување кога 18 годишна девојка успеа да ги издрибла како мали деца. Мислеа дека се на обично интервју и требаше да и покажат на девојката по некој трик со топката, арно ама останаа со подотворена уста.

Watch Lisa (18) pull off tricks on soccer stars

На СП во Русија: Сместување во вселенски капсули

Еден руски бизнисмен реши да направи нискобуџетен хотел во градот Јекатеринбург кој ќе претставува идеално решение за сите посетители на Светското првенство.

Наместо соби, хотелот е исполнет со капсули кои потсетуваат на оние од научно-фантастичните филмови за вселената. Во овие капсули посетителите ќе имаат пристап до телевизија, клима-уред и сеф во кој ќе можат да ги оставаат нивните работи. Многу од гостите го доживуваат хотелот како атракција.

Снимка која го шокираше светот, свештеникот удира дете за време на крштевка

Снимка од една црква го шокираше светот. На неа се гледа како католички свештеник удира дете за време на крштевањето. Шамарот од свештеникот уследи откако тој не можеше да го смири расплаканото момче.

Не е јасно каде се случил овој инцидент, но се слуша дека свештеникот зборува француски јазик.

Вознемирувачко видео: Се застрелал играјќи руски рулет со младоженецот среде свадба!

На една руска свадба во текот на прославата се случил вистински ужас кога младоженецот и неговиот пријател играле “руски рулет“.

Имено, застрашувачката игра ја започнал младоженецот, а потоа ја продолжил неговиот пријател. За жал, пиштолот испука и тој падна на земја.

GRAPHIC WARNING: Russian Roulette Shock As Wedding Guest Shoots Himself In Head

ЕМИГРАНТ ОД МАЛИ ГИ ОСВОИ СРЦАТА НА ЦЕЛА ФРАНЦИЈА, СПАСИ ДЕТЕНЦЕ КОЕ ВИСЕШЕ ОД БАЛКОН

Младиот мигрант од Мали, 22-годишниот Мамаду Гасама, стана херој во очите на светската јавност откако се искачи по балконите на една зграда во Париз за да спаси четиригодишно дете кое висеше од балконот на четвртиот спрат.

По неверојатниот подвиг кој е снимен на видео кое брзо се прошири низ социјалните мрежи со неколку милиони прегледи, властите одлучија да му дадат француско државјанство. Градоначалничката на Париз, Ен Хидалго, го пофали неговиот „чин на храброст“, додавајќи дека и лично му изразила благодарност. Таа е првата која го нарекла „Спајдермен од 18-тиот“ кој се однесува на округот каде се случил настанот.

Во знак на благодарност „херојот од Париз“, кој  го доби прекарот Спајдермен, денеска беше почесен гостин во Елисејската палата каде што го прими лично францускиот претседател Емануел Макрон и го одликува со највисоко признание за неговото хумано и несебично дело. Макрон му вети и добивање француско државјанство и прием на работа во пожарникарската служба.

ЕКСКЛУЗИВНО!!! Запросување на натпреварот Вардар – Кил

Честитки за Владимир и Ирена ❤️
На реванш четвртфиналето меѓу Вардар и Кил, Владимир ја побара Ирена за сопруга…. и Ирена 100% се согласи 😍
Им посакуваме многу среќа и успех

vla

Чочек во тунелот на отварањето на автопатот Демир Капија – Смоквица

Дел од вработените во фирмата што ги градеше тунелите сами организираа забава и со чочек го прославија отварањето на оваа делница

 

ПОП ВЛЕТА СО ТРОТИНЕТ ВО ЦРКВА

Големиот христијански празник Велигден, Грците го прославуваат на несекојдневен начин. На воодушевување на присутните верници, попот во долга бела мантија, со тротинет влета во црква и почна да прави кругови додека по него трчаа останатите свештени лица. За попот не претставуваше никаква препрека ни високите скали, кои со тротинетот лесно ги совлада и продолжи да вози низ храмот за да ги опслужи верниците.

Во Ерусалим се појави светиот оган

Светиот оган секогаш се чека на исто место и во исто време – во црквата на Воскреснувањето на Исус Христос, однос Господовиот Гроб, на Велика Сабота пред пладне.

Светиот оган го претставува пламенот кој чудесно се појавува на Светиот Гроб во Ерусалим на Велика сабота, пред православниот Велигден.

Појавата на Светиот оган според верниците претставува видлива појава на Светиот Дух и потврда на воскресението на Исус Христос.

Богослужбата на Велика сабота во храмот на Светиот Гроб, литургиски потсетува на случувањата на Христосовото страдање и погребот, и воедно претставува вовед во неговото воскресение.

Благодатниот оган е едно постојано Божјо чудо што секоја година се случува на Велика Сабота, во Господовиот Гроб во Ерусалим. Светиот Оган е натприродно собитие, а тоа се гледа од начинот на кој се појавува, од тоа што пламенот во почетокот не изгорува, како и од фактот што тој предизвикува душевна промена кај многумина што се удостоиле да го видат.

Снегот ги изненади Кинезите – во Пекинг снег не паднал во април во последните 30 години

Бројни туристи ја искористија приликата да уживаат во прошетка по Кинескиот ѕид, со прекрасна глетка пред себе – завеани планини и црешовите дрвја покрај Ѕидот под снежна наметка.

Ресенчанецот Крис Поповски успешен повратник со модна конфекција за мажи ,,Сињори“

, во својата емисија ,,Сакам дома“, (Hoću kući), ја објави животната приказна на младиот ресенчанец Крис Поповски, кој решил да се врати во Македонија, и покрај веќе успешната кариера и образование во Америка и Велика Британија.

Крис произведува машки одела со врвен квалитет, кои ги пласира во повеќе земји во светот, со интересен пристап на промоција и маркетинг.