Елена Ристеска ја претстави соработката со рускиот рапер Кирил

Елена Ристеска го претстави дуетот со својот руски колега Кирил, со кого започна да соработува минатата година. Станува збор за песната насловена „Superstar“, чија музика ја потпишува Дарко Димитров, а стиховите се дело на самиот Кирил алијас Кеј-Ди-Ди-Кеј (KDDK). Сето тоа стигна спакувано со видео што се снимаше во Мајами и за кое се погрижи Дејан Димковски, а за изгледот на Елена се погрижи Дани Димковска.

KDDK feat Elena Risteska – Superstar
Advertisements

Македонските пејачи ја претставија божиќната „Небо и земја“

 

Со намера да се возобноват православните традиции за прославување на Христовото раѓање, дел од македонската естрада годиниве ја препеа темата „Вечниот Бог“, а сега репертоарот е дополнет и со „Небо и земја. „Небо и земја“ ја изведуваат Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Димитар Андоновски, „Некст тајм“, „Љубојна“ и дечињата од „Златно славејче“, а снимена е во студиото „Алшар“ . Повеќе…

Елена Ристеска со нов спот – “Снаге За Крај”

Елена Ристеска го збогатува своето музичко портфолио. 32-годишната пејачка ја објави својата нова песна „Снаге за крај“, која е на српски јазик.

Музиката и текстот на „Снаге за крај“ се дело на Сергеј Ќетковиќ, за аранжманот и продукцијата се погрижи Дарко Димитров.

Спотот Елена го снимаше во Македонската опера и балет на почетокот на јули.

Евровизиската „Нинанајна“ на Елена доби турска верзија

Нашата евровизиска песна со највисок пласман досега, со која Елена Ристеска во 2006 година го освои 12. место во финалето, „Нинанајна“ 12 години подоцна доби верзија на турски јазик. Станува збор за песна во изведба на турската пејачка Севту Касапбашолу (Sevtuğ Kasapbaşoğlu), овој пат со наслов „Tam Vakti“ (Цело време).

Гори Инстаграм: Анастасија на Цеца меша со задникот на „Текила и лимон“ на Елена Ристеска

Македонците можеби се поделени во тоа колку им се допаѓа најновата песна на Елена Ристеска „Текила и лимон“, но затоа пак во Србија таа е огромен хит.

Тоа го потврди и ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, која токму на оваа песна игра пред огледало во еден салон за убавина, а нејзиниот пријател ја снима.

Објавата за само еден ден има околу 140 илјади прегледи од профилот на Анастасија која пее и меша со задникот, а со тоа потврди дека ова е една од нејзините омилени песни периодов.

Стигна видеото за ремиксот на „Текила со лимон“

После премиерата на видеото за официјалната верзија на „Tequila & Lemon“, Елена Ристеска ја најави и екранизацијата за ремиксот, кој всушност беше и првиот што го слушнавме уште на почетокот на летово.

Освен овие две верзии, најавен е и дует со Емина Јаховиќ, како и верзија на шпански јазик. Како изгледа видеото за ремиксот на нејзината „Текила со лимон“ можете да видите

Македонската пејачка Фифи Јаневска ја направи првата пародија на новата песна „Текила и лимон“ на Елена Ристеска

Таа одлучи да се пошегува и сними креативно видео во кое држи лимон во рака и пее, а сето ова ѝ се допадна на Елена.

Ристеска пред само неколку дена ја претстави својата најнова песна на македонски јазик насловена како „Текила и лимон“ и веќе има над 200.000 прегледи на Јутјуб.

Елена Ристеска го промовираше најновото видео за песната “Tequila & Lemon”

Драги фанови и сите оние кои низ годините ја следат мојата работа. Со огромнo задоволство ви го најавувам моето најново видео за песната “Tequila & Lemon”. �Реализацијата на вакви проекти претставува долг и сложен процес кој вклучува организација и координација на огромен број на луѓе одговорни за разни нешта. Од таа причина, ова видео не би постоело без неколку важни алки кои допринесоа да го реализираме. ��Секое музичко видео мора да има добра подлога односно песна а во случајов за “Tequila & Lemon” Дарко Димитров е тој кој се појавува како продуцент, композитор и аранжер, потоа “Effective Records” од Русија кои се издавачите на песната и спотот и промотери на истата за европски пазар, Милош Николич ја отсвире трубата, додека пак јас, самата се појавувам како текстописец.��За реализација на видеото� се одговорни многу лица меѓу кои особен придонес имаат: CleanCut Production, кои се всушност продукцијата која го изработи, потоа, моите @BeatrixCrew кои како и секогаш се погрижија за одличната кореографија и за тоа одлично да изгледа самото дејствие. �Секако, за мојата фризура и шминка се одговорни незаменливиот @Daniel Nikolovski и Снежана ,а за главниот стајлинг се погрижи Јелкица Поповска, додека за останатите стајлинзи јас и Битрикс. �За топло добредојде во Грција е одговорна мојата пријателка Славица, која несебично го згрижи целиот тим.��Во видеото се појавуваат танчерите од Битрикс: Ивана Балабанова, Леонардо Хусеини, Мартин Иванов, Ана Марија Темелковска, Јана Петровска, Стефани Пецалевска, Андреа Дуковска, Мелани Монева и Зана Незири, а како статисти ги гледаме: Диме, Исидора, Ивана, Тамара, Филип, Серџо, Мерсиха, Ева, Бети, Маја и Никола. ��За крај, посебна благодарност би им изразила на оние кои континуирано ја поддржуваат мојата работа: Croatia Осигурување Живот, Парк Хотел & Спа, Nissan, LDB – Прилеп и The Loft ресторант.
Елеонора Неделковска и Чичко Гала ви благодарам од срце за константната пожртвуваност и професионалност. –
напиша таа на својот FB профил

Elena Risteska – Tequila & Lemon (Official Video) 2017

Почина Вања Лазарова (Видео)

На 86-годишна возраст во Скопје, почина доајенката на македонската народна музика Вања Лазарова – Димитрова. Лазарова беше родена на 27 април 1930 во с. Страцин, Кратовско.

Извесно време работеше во Операта при МНТ, а била членка и на Државниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“. Има испеано стотина македонски изворни народни песни, од кои најголемиот дел се снимени во продукцијата на МРТ. Има настапувано на голем број концерти на повеќе континенти. Пеела во Алберт Хол во Лондон пред британската кралица Елизабета II и премиерот Винстон Черчил. Посебен придонес има во соработката со групата „Анастасија“ при создавањето на музиката за филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски. Нејзиниот вокал е особено податлив за синтезите во етномузиката.

Вања Лазарова – Со Маки Сум Се Родила


Вања Лазарова и Елена Ристеска- Што Да Правам Што Да Чинам