Алиоски доби изненадување од најмладите фанови на Лидс: „Супер Џани Алиоски, македонското другарче…!“

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски од првите моменти на неговото пристигнување во Лидс е миленик на најмладите фанови на овој клуб. И, така се до денес…

Па, за многумина и не изненадува супер-изненадувањето кое му го приредија дел од помладите навивачи на Лидс, посветувајќи му на Алиоски и навивачка песна која се почесто се слуша и на трибините на стадионите во Чемпионшиплигата: „Супер Џани Алиоски – македонското другарче…“

 

Advertisements

Алиоски откако не му беше дозволено да остане во ресторан во Прилеп повторно се врати во Прилеп и се приклучи на една хуманитарната акција

Ezgjan Alioski откако не му беше дозволено да остане во ресторан во Прилеп (затоа што зборувал на албански), повторно се врати во Прилеп и се приклучи на една хуманитарната акција за помош на Дејан, а од видеото кое го подготви „ТВ Клан Македонија“ нашиот фудбалер беше топло пречекан од Прилепчани. Алиоски подари и дрес од Лидс за Дејан како гест за стоп на предрасудите и говорот на омраза.

Англичанка се расплака од радост – Подарок македонски дрес од Алиоски за Божиќ

На Твитер осамна и видео од неизмерната радост на млада Англичанка, очигледно голем фан на Алиоски (фудбалер на Лидс), која за Божиќ од својот татко доби оригинален дрес од македонската репрезентација токму на Езгијан Алиоски… Солзите радосници кога го виде подарокот доволно кажуваат…

Најубавиот гол на месецот во Чемпионшип го постигна Алиоски

Само четири кола му беа потребни да поминат во дресот на Лидс, за Езџан Алиоски на англиската публика да им покаже колку добро знае да нишани од далеку. Неговиот гостински погодок против Нотингем Форест и негов дебитански во Чемпионшип е прогласен за гол на месецот.

Ezgjan Alioski goal Nottingham Forest 0-2 Leeds United (26.08.2017)

Осумминутно шоу на Алиоски

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски го запиша своето име во историјата на швајцарскиот фудбал, откако во неделата, постигна три гола за само осум минити.

Лугано, во 27.коло во швајцарската Супер лига, го совлада Сион со 4:2, а Алиоски ги постигна првите три гола на натпреварот. Македонскиот репрезентативец во периодот од 17.та до 25-та минута постигна три гола (првиот и третиот од пенал).

Ова е најбрзиот хет-трик во историјата на швајцарската Супер лига.