Дупер со нова песна – “Патник”

Момците од “Дупер” ја промовираа својата најнова песна “Патник”. Комплетни автори на песната се Борис и Илче. Снимањето, миксот и мастерот се на Ангел Ќосев.

Advertisements

„Дупер“ го имаат најбелиот спот на македонската сцена за синглот „Ние сме 2“

Едно од најнадежните нови имиња на македонската музичка сцена, скопското трио „Дупер“ штотуку го претстави својот нов, трет по ред сингл насловен „Ние сме 2“, кој стигна во комплет со видео. Наследникот на хитовите „Не сум твој тип“ и „Тело за на ТВ“ е уште едно авторско на самите членови на бендот, а за снимањето, миксот и мастерот се погрижија Ангел Ќосев и Драги Иванов во студиото „Подрумот“.

За белата екранизација на „Ние сме 2“, пак, беа задолжени режисерот Томи Акимовски, камерманот Томислав Живковиќ и монтажерот Иван Костадинов. Како што споменавме, ова е трет сингл за ексклузивците на „Авалон“, па се надеваме дека до крајот на годинава ќе нè почестат и со цел албум

Марио Еди со ремикс на хитот „Не сум твој тип“ од Дупер

Дебитантскиот хит-сингл на триото „Дупер“ продолжува да ја освојува публиката, но и да ги инспирира колегите од музичкиот свет да му дадат и свој печат на овој заразен рефрен. Имено, „Не сум твој“ тип неодамна доби ремикс и поддршка од маестралниот Роберт Билбилов, а сега сето тоа го добива и од младиот прилепски диџеј и продуцент Марио Еди.

Роберт Билбилов им направи ремикс на „Дупер“

Ремиксот на Билбилов стигна во пакет со видео во режија на Зоран Зонде Стојановски, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!

„Тело за на ТВ“ е новиот сингл на „Дупер“

Откако ја освои македонската публика со деби-синглот „Не сум твој тип“, триото „Дупер“ продолжува со исто темпо и со штотуку објавената песна насловена „Тело за на ТВ“. Станува збор за уште еден потенцијален хит од талентираната тројка, која се потпишува на музиката, текстот и аранжманот, а за снимањето, миксот и мастерот се погрижи Дејан Момироски во неговото студио „Икс-ел“. Сето тоа визуелно го дополни Томи Акимовски, чиј потпис стои на режијата на придружното видео за „Тело за на ТВ“.