ДНК со потресно видео и моќна порака за новиот сингл „Горе или доле“

Музичарите често ги користат своите платформи за да пренесат важни пораки, особено за проблеми кои можат да имаат фатални последици. Токму тоа го направија и момците од ар-ен-би дуото ДНК, кои деновиве го промовираа видеото за својот нов сингл „Горе или доле“, авторско дело на Панчо и на Лазар Цветкоски. Имено, филмската визуализација е дело на веќе докажаниот Даниел Јовески, кој направи вистинско ремек-дело.

ДНК со експлицитен сингл и видео за „Ромео и Јулија“

Ар-ен-би дуото ДНК го претстави својот нов сингл насловен „Ромео и Јулија“, во кој гостува колегата Ајри Скреч и чии стихови и експлицитно видео кренаа голема прашина во јавноста. Станува збор за авторско дело на веќе докажаниот двоец Панчо и Лазар Цветкоски, додека аранжманот е на 5R, а мастерингот е на Стрики од Лондон.

Покрај музичарите, во новото видео се појавуваат и повеќе познати личности како што се кошаркарската легенда Перо Антиќ, моделите Александра Накова и Емилија Розман, Буцо Битбокс, како и танчерите од студиото „Twerk Low Z“, Латин Принц, Бојана Нушкова и Мажестик (Александра Трпеска).

Хитот на ДНК, „Стојам сам“ се слушаше на црвениот килим на Берлинале

Хитот на аренби дуото ДНК, „Стојам сам“ се слушаше на црвениот килим на Интернационалниот филмски фестивал, 69. Берлинале, кој е во тек во Берлин.

По тој повод во Берлин е собрана светската филмска елита. Меѓу присутните се актерот Кристијан Бејл, Жилиет Бинош, која е дел од жирито, потоа Труди Стајлер, сопругата на Стинг. Додека чекорше по црвениот килим имаше можност меѓу другото да ужива и во македонска музика, поточно во хитот на ДНК, „Стојам сам“.

Untitled

Антонија Гиговска и Панчо ДНК со заедничка песна – „Ванила“

Една од најнадежните нови музички ѕвезди на македонската сцена, Антонија Гиговска продолжува да реди хитови, а нејзиниот четврт по ред сингл пристигнува во вистинско време за да ни ги разубави летните денови. Младата пејачка и овој пат соработуваше со братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветкоски, кои се потпишаа како автори на темата насловена „Ванила“, а поддршка ѝ даде колегата Панчо од дуото ДНК.

Македонската кошаркарка Едина Муса и модел од Америка во најновиот спот на ДНК

Бројни пријатели, поддржувачи и колеги од музичката сцена вчера присуствуваа на промоцијата на ар-ен-би дуото ДНК, каде беше промовиранао најновото видео за песната „Дијамант“.

Покрај Панчо и Андреј, во видеото можеме да ги видиме и „македонската Ријана“ – Едина Муса, кошаркарските ривали Џордон Крафорд и Маркус Гинјард, кои играат за МЗТ и КК „Работнички“, а тука се уште и Тифани Росарио, фотомодел која доаѓа од САД, и заштитниот лик на ДНК, Буцо Битбокс.

ДНК станаа дет-металци

Популарното дуо ДНК одлучи да го промени музичкиот стил, па од ар-ен-би премина на дет-метал! За нивните обожаватели да слушнат како звучат нивните хитови во ново руво, момците споделија кусо видео од дет-метал верзијата на познатата „Полна месечина“.

ДНК со нова песна и видео како празничен подарок за дамите

Во пресрет на денешниот празник посветен на припадничките на понежниот пол, Андреј и Панчо повторно имаат уникатно решение како истиот да им го честитаат на дамите – а како поинаку освен со песна! Станува збор за темата насловена „Пола човек“, за која веќе е снимено и видео.

Панчо (ДНК) ја препеа “Есен Во Мене” од Елена Ристеска

“Драги луѓе. Особена чест и задоволство ни претставува со вас да ја споделиме кавер верзијата за Македонската евергрин класика “Есен во мене” испеана од нашиот феноменален вокал Елена Ристеска. Оваа година нумерата слави точно 10години од нејзиното издавање па заедно со нашиот продуцент Лазар Цветкоски решивме да го прославиме љубилејот на малце поинаков начин 😊
Од срце сме им благодарни на Дарко Димитров ( кој е композитор на оригиналната верзија ) и Елена Ристеска за укажаната доверба и дозвола да направиме unplugged варијанта на оваа безвременска балада.
Се надеваме дека ќе ви се допадне 😬Уживајте 🙏🙏

Ваши

ДНК ” – Напиша Панчо на својот FB профил

Pancho ( DNK ) – Esen vo mene (Elena Risteska cover)

ДНК го објавија новиот видео спот за песната “Темно е”

ДНК вчера на официјалниот фејсбук профил ја објавија нивната нова песна “Темно е” и видео спот за истата.

Станува збор за композиција од албумот “Уште еден ден”, а посебно за видеото што содржи кадри, односно е измонтирано од делови и моменти од славеничкиот концерт на ДНК по повод 15-годишниот јубилеј одржан на 12 мај во Метрополис Арената.

Промоција | ДНК тргнаа во „Невозможна мисија“

Десетина дена пред големиот роденденски концерт, ар-ен-би дуото ДНК го претстави својот нов сингл и видео запис насловен „Невозможна мисија“. Автор на стиховите е Панчо, а за музиката му помогна долгогодишниот соработник и продуцент Лазар Цветкоски, кој го направи и аранжманот, додека мастерингот е на Стрики и лондонското студио „Метрополис“.

Како и секогаш, Андреј и Панчо своите песни ги комплетираат и со одлична видео приказна, а овој пат за сето тоа се погрижи познатиот режисер Даниел Јовески, за кого ова е прва соработка со популарното дуо. Панчо е работлив, но сиромашен селанец, кој се вљубува во девојката на богат бизнисмен (Андреј), па одлучува да ја продаде нивата…

Промоција | ДНК со ново видео, за “Уште еден ден”

Дуото ДНК го претстави своето најново видео за насловната тема од актуелниот албум, „Уште еден ден“. Станува збор за емотивна балада, во која Панчо низ стихови ја опишува душевната болка од загубата на својата мајка.

Во меѓувреме, момците интензивно се подготвуваат и за претстојниот славенички концерт, со кој ќе одбележат 15 години на сцената.

ДНК – Ѕвер (Official Music Video)

Популарното ар-ен-би дуо ДНК го претстави најновото видео за песна од актуелниот албум „Уште еден ден“. Станува збор за темата насловена „Ѕвер“, типична клупска песна, која освен што е музички поразлична, има и сосема поразлично видео наменето не само за тинејџерите, туку и за плакнење очи на повозрасната публика на Панчо и Андреј. Текстот за темата е со потписот на Панчо, аранжманот е на Лазар Цветкоски и Дамир  Јахиќ – Чекич, додека музиката е заедничко дело на Панчо и Лазар.

dnk zver

ДНК со песна посветена на населбата Аеродром

ДНК решија да нè изненадат со сосема нова песна посветена на скопската населба Аеродром, која стигна во пакет со видео запис во реализација на „Томато продукција“. Стиховите се дело на Панчо, а во музиката му помогна Лазар Цветкоски, кој го потпишува и аранжманот, додека мастерингот е направен во студиото „Метрополис“ во Лондон.

Покрај Андреј и Панчо, во спотот ќе видите и голем број познати аеродромци, меѓу кои колешките Сара Мејс и Викторија Лоба, колегите Мартин и Стефан од „Некст тајм“, Дарко Илиевски, Зоран Џорлев, Дарко Тасев, водителот Марко Новески, ракометарот Столе Стоилов и многу други, а како изгледа и звучи „Аеродром“ можете да погледнете. Уживајте!

DNK Aerodrom