Дарио има нов летен хит „Горе, горе“!

Популарниот македонски музичар Дарио Панковски го претстави својот нов сингл насловен „Горе, горе“, кој е вистинска победничка химна што носи позитивна порака, сето тоа спакувано со весел ритам како рецепт за летен хит. Сопственикот на едни од најголемите македонски хитови и овој пат ги здружи силите со долгогодишниот соработник и колега Кристијан Габроски, чиј потпис стои на аранжманот и во чие студио се снимаше самата песна, а автор на музиката и стиховите е самиот Дарио.

„Кога имаш лош ден, немој да си тажен! Па не е последен, утре нè чека нов сончев ден“, почнува тој и порачува: „Секој ден е дар, живеј го како цар, не се предавај, во себе верувај и напред гледај“, а потоа ја доловува и суштината со рефренот: „Животот е брод на море, малку доле, малку горе, а јас сакам само горе! Напред-назад, горе-доле, нема назад, нема доле! Секој сака да е горе, сите раце горе, горе!“

Уште при првото слушање, веќе знаеме дека „Горе, горе“ ќе биде најновиот во низата евергрини на Дарио, а во тоа ќе се уверите и Вие откако ќе ја преслушате новата победничка химна што Ве очекува во продолжение. Уживајте!

Dario – Gore Gore! (Official audio)
Advertisements