Објавен е официјалниот трејлер на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“

На неколку дена пред светската премиера на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија”, Продукцијата „Сестри и Брат Митевски“ го објави и официјалниот трејлер.

Инаку, филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ се снимаше 6 недели во Штип во текот на јануари и февруари 2018. Монтажата се одвиваше во Белгија, а звукот, лабараторијата и музиката во Белгија, Франција и Словенија.

Најновиот филм на Теона Стругар Митевска „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на 10 февруари премиерно во Берлин

Најновиот филм на Теона Стругар Митевска, „Господ постои, името ѝ е Петрунија”, кој е во главната конкуренција на престижниот Берлински Филмски Фестивал, својата премиера пред интернационалната публика ќе ја има на 10-ти февруари, а ќе биде прикажан осум пати во текот на фестивалските денови.

Инаку, „Господ постои, името ѝ е Петрунија” е прв македонски филм кој е избран во главна конкуренција на Берлинале, а пак прв пат по 25 години, односно по „Пред дождот“ во Венеција 1994 година, воопшто да биде во главна селекција на филмски фестивал од А категорија.

Погледнете еден мал дел од филмот