Горан Пандев и Златан Ибрахимовќ стрелци на голови на стадион во Ѓорче во 2001 година

РЕТРО СПОРТ
ПРЕД 19 ГОДИНИ, НА 01.09.2001 – МАКЕДОНИЈА (21) – ШВЕДСКА (21)
СТРЕЛЦИ Zlatan Ibrahimović И Goran Pandev

Како би изгледал голот на Пандев од 40 метри ако коментираше Игор Трпевски

ГОЛ НА ПАНДЕВ ПРОТИВ ЛЕЧЕ
…од таму шутирај колку сакаш…

Пандев денеска – гол од 40 метри, го фаулираа за пенал и на крај доби црвен картон

Џенова пропушти да забележи важна победа на гостувањето кај Лече во меч во кој македонскиот капитен Горан Пандев имаше главна улога, одигрувајќи на крајот само 2:2.

Пандев беше клучниот човек за водството од 2:0 кое го имаа Џенова на полувреме, откако прво во 31. минута постигна навистина магичен гол од над 40 метри далечина, а потоа во судиското продолжение на првото полувреме над него беше направен пенал, кој Доменико Кришито го претвори во 0:2 водство.

Во второто полувреме Пандев успеа да добие два жолти картони за само четири минути (73. и 77. минута), оставајќи ги Џенова во тешка позиција да се одбранат во последните 15-тина минути со само 9 играчи на теренот.

Горан Пандев „нападнат“ од Бугари во Банско

Академија Пандев денеска во Банско, Бугарија, го одигра првиот свој пријателски натпревар за време на подготовките за Лига Европа славејќи со 1-0 против Локомотив Пловдив, освојувачот на Купот на Бугарија изминатава сезона.

Но, во центарот на вниманието во Бугарија, сепак беше капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев, сопственик на струмичкиот прволигаш, кој користи дел од одморот во Џенова да биде и со својот клуб овие денови. Па, Пандев во Банско беше „нападнат“ од фанови на Локомотив Пловдив со бројни барања, секако, за фотографија и автограм од најдобриот македонски фудбалер.

Пандев со гол му „пресуди“ на Јуве – прв пораз на Јувентус оваа сезона (видео)

Горан Пандев постигна гол, а Џенова со 2:0 го победи Јувентус, нанесувајќи му го на италијанскиот шампион првиот пораз во Серија А оваа сезона.

Ова е прв пораз на Јуве во Серија А оваа сезона, но „бјанконерите“ остануваат убедливи лидери со 75 поени пред Наполи со 57 (и натпревар помалку). Џенова полека излегува од опасната зона на табелата и сега е 12. со 33 поени.

Луд гол на Пандев! | Капитенот на македонската репрезентација направи мајсторија во 92′ минута

Во стилот на најголемите мајстори каков што е и самиот, Горан Пандев ја потврди победата на Џенова од 3:1 против Верона со можеби најубавиот гол во неговата богата кариера.