Германскиот Бундестаг и официјално даде зелено светло за почеток на преговорите со Македонија

Advertisements

Поставена и вандализирана четири метри високата статуа на Ердоган во Германија

Златната скулптура на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, висока четири метри која беше поставена во германскиот град Висбаден, предизвика низа различни реакции кај жителите.

По поставувањето скулптурата најпрвин предизвика љубопитност, но потоа да се појавија и лоши коментари во медиумите, а во текот на денот морала да реагира и полицијата. Сепак додека се појавила полицијата златната четириметарска статуа веќе била вандализирана, а во медиумите се појави и видео снимка од вандализираната статуа.

Статуата на Ердоган е подигната во рамките на Берлинско бианале за современи уметности, а за тоа не биле известени локалните власти. Овогодинешното Берлинско биенале се одржува под мотото „Лоши вести“.

Чао за шампионот, Германците изгубија од Јужна Кореја со 2-0

Светскиот шампион е на колена, се враќа дома по првата фаза од Мундијалот. Ниту Германците веќе не победуваат секогаш во фудбалот, ова е ново време. Селекцијата на Јоаким Лев се извлече со триумф во 95.минута и погодок на Тони Крос против Шведска во второто коло, но денеска загуби од Јужна Кореја (0-2).

Со тоа „панцирите“ ги пакуваат куферите и си заминуваат дома. Ким Јонг – Гвон и Хјонг Мин Сон ја казнија во финишот слабата реализација на Германците, промашените шанси на Брант, Гомез, Милер, Хумелс, и останатите избраници на Јоаким Лев, па светскиот првак завршува како последнопласирана селекција во групата.

Untitled

Никогаш не ги отпишувајте Германците: Крос со супер-гол за триумф во последен час

Актуелниот светски првак Германија беше на работ на амбисот и можна елиминација по првата фаза од Мундијалот, но сепак во последен момент стигна до триумф (2-1) против Шведска во второто коло од групата Ф. „Панцирите“ имаа негатива од 0-1, во финишот и играч помалку, но Тони Крос во петтата минута од судиското продолжение постигна прекрасен гол за триумф.

Germany v Sweden – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 27

Untitled.png

СП 2018: Светскиот шампион на колена, Мексико со голема победа на стартот (0-1)

Светскиот шампион Германија загуби 0:1 од Мексико на првиот меч од групата „Ф“ на Светското првенство на стадионот „Лужники“ во Москва.

Ирвинг Лозано го постигна единствениот гол во 35-тата минута за Мексико.

Бундестимот направи серија грешки во првото полувреме, а можеше да прими уште барем еден гол.

Germany v Mexico – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 11

Untitled

 

Како македонски камионџија се справува со германска полиција: Тој му вика имаш лоши гуми, а нашиот вели…

Како сакате речете човекот успешно се извлече и со сигурност избегна ригорозна германска казна.

Целата случка притоа одела на една германска ТВ емисија. Полицаецот му вика на нашиот камионџија нешто во врска со лошите гуми на неговиот камион, на што Македонецот одговара дека не е проблем, а потоа му вика на нашки “Дај ми број ќе ти се јавам од Македонија”.

Голман во 96. минута даде гол за опстанок и донесе лудо славје!

Во Германија е забележана несекојдневна сцена на фудбалските терени, затоа што голман постигна гол во 96. минута и тоа ни помалку, ни повеќе – за опстанок на својот тим.

Екипата на Бухбах обезбеди опстанок во Регионалната лига на Германија, а стрелец на голот вреден опстанок беше чуварот на мрежата Александар Штробл.

Наши иселеници се степале во Германија заради политика (Видео)

Иселеници од Македонија во Германија се степале во Берлин за Божик заради политика.

Видеото од тепачката е објавено вчера на социјалните мрежи. Според она што е објавено, забавата ја прекинале триесетина поднапиени и нервозни иселеници кои поради политика прво се скарале, па потоа истепале.

Дел од учесниците во тепачката се здобиле со тешки повреди, а меѓу повредените има и неколку жени.

nasi iselenici se stepale zaradi politika