Една година од “Километри” на Лозано – 5 400 000 прегледи, 14 800 дневно

Помина една година од објавата на видеото за “Километри” на Лозано на YouTube. Од 30 март 2018 година ова видео е прегледано 5 400 000 пати или во просек по околу 14 800 прегледи дневно. Читајќи ги коментарите ќе забележиме дека Лозано е доста популарен во EX YU републиките но и во Бугарија. Уживајте со ова ремек дело!

Advertisements

Лозано ја претстави новата емотивна песна „Мајко“

Уште со најавната фотографија за новата песна и видео на Влатко Лозаноски знаевме дека станува збор за уште една емотивна музичка приказна од кичевскиот славеј, овој пат посветена на сите мајки, особено оние чии чеда заминуваат во туѓина… Популарниот пејач, кој на 23 март ќе го одржи својот голем славенички концерт по повод 10 години кариера, отсекогаш добивал особено позитивни критики со изведбите на нашите прекрасни народни песни, а токму во штотуку објавената „Мајко“ го направи можеби најдобриот спој на етно и поп-елементи.

Македонските пејачи ја претставија божиќната „Небо и земја“

 

Со намера да се возобноват православните традиции за прославување на Христовото раѓање, дел од македонската естрада годиниве ја препеа темата „Вечниот Бог“, а сега репертоарот е дополнет и со „Небо и земја. „Небо и земја“ ја изведуваат Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Димитар Андоновски, „Некст тајм“, „Љубојна“ и дечињата од „Златно славејче“, а снимена е во студиото „Алшар“ . Повеќе…

Лозано има нова песна – „Надеж“

Оваа јубилејна, десетта година од кариерата на Влатко Лозаноски се покажа како најплодна досега, па освен со анимираната „Камо тебе да те имам“, велигденската химна „Километри“ и летниот хит „Јако, јако“, кичевскиот славеј сега нè почести и со уште еден потенцијален хит, кој слободно можеме да го вброиме меѓу неговите најдобри песни досега.

Станува збор за оптимистичната тема насловена едноставно „Надеж“, чии автори секако дека се неговите најверни соработници Лазар и Магдалена Цветкоски, кои и овој пат се надминаа себеси, а во создавањето учествуваа уште и Бојан Рафајлоски на гитара и Сирта Сакс на саксофон.

Повеќе…

Тијана ја препеа „Километри“ од Лозано

По пауза од речиси година и половина, Тијана Дапчевиќ конечно се враќа со нова песна и видео. Станува збор за српска верзија на велигденскиот мегахит на Лозано, „Километри“, чиј автор на музиката и аранжманот е Лазар Цветкоски, а новиот текст на српски јазик е на Милан Милетиќ. И двајцата соработуваат со Тијана за првпат.

Во создавањето на „Километри“ како придружни вокали учествуваа и самиот Лозано, Магдалена Цветкоска и Лазар Цветкоски, а гостуваат и Димитар Андоновски на виолина и Сирта Сакс на кларинет. Сето тоа е дополнето и со соодветна визуализација што ја изработи екипата на продукцијата „Сторителер“, под режисерската палка на Антонио Павловски, а како изгледаат и звучат новите „Километри“ на Тијана дознајте во продолжение. Уживајте!

Еве го хитот на лето 2018 ❤ Само Лозано знае како…”Јако Јако”

После мега хитот “Километри”, Влатко Лозаноски сними нова песна и спот кои ќе бидат вистинска летна сензација.

Песната “Јако, Јако” е новото ремек дело на Лозано, а ќе ве освои од првото слушање.

Се работи за љубовна балада, певлива и со одличен ритам.

Музиката и аранжманот се дело на Лазар Цветкоски, а текстот на Магдалена Цветкоска-Ена.

LOZANO – JAKO JAKO (2018)

🔈 Audio: 🎶 Music / Muzika: Лазар Цветкоски 🖍 Lyrics / Tekst: Магдалена Цветкоска – Ена 🎹 Arr / Аранжман: Лазар Цветкоски 🎚Mixed and Recorded – Лазар Цветкоски 🎛 Mastering: Лазар Цветкоски 🎸 Instruments / Инструменти: – Guitar: Лазар Цветкоски – Bass: Лазар Цветкоски – Back Vocals: Магдалена Цветкоска, Лозано, Лазар Цветкоски Модел: Мартинија Георгиевска 🎬Director: Даниел Јовески Благодарност до: ⛱Туристичка агенција – SAVANA Tourist Enterprises 🎡Fantasy – Aqua Park, Kuşadası, Turkey 📱Huawei Mobile 🚗 Шкода Јосифов – Битола 👓 Диоптра Оптикс – Скопје и Струмица 🎓 Славјански Универзитет – Свети Николе и Битола 👔 Casual Corner – Тетово ✂ Studio Iv – Скопје 👙Sara Fashion

Лозано промовира нов спот – “Километри”

На штотуку објавената песна насловена едноставно „Километри“ автори се неговите долгогодишни соработници Лазар и Магдалена Цветкоски. „Километрите“ стигнаа во пакет со видео што го изработи битолската продукција „Веста“, а се снимаше во струшкиот хотел „Изгрев“.

Новата песна ќе биде сместена на претстојниот, трет по ред студиски албум, симболично насловен „Десет“ по повод јубилејот од 10 години кариера на кичевчанецот со златно грло,

Lozano – Kilometri (official video 2018)