Премиерот Заев и рускиот амбасадор на отворањето на нова бензиска на Лукоил

Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев се обрати на свеченото отворање на бензинската станица на „Лук Оил Македонија“ на регионалниот пат Скопје – Куманово.

Advertisements

Се отвори нова фабрика – ќе се произведува опрема за армијата и полицијата

Нова фабрика во Визбегово вредна три милиони евра

Панцири, шлемови, елеци…опрема за армијата и полицијата ќе произведува новата фабрика АТС ГРУП, во индустриската зона Визбегово.

Инсерти од посета на премиерот Заев на новата фабрика на АТС Груп

Изградени 480 км патишта, 216 км гасовод и 23 нови градинки

“Изградивме 480 км патишта и реконструиравме 10 железнички станици и 216 км гасовод.

Децата ширум земјата добиваат 23 нови градинки и 6 нови основни училишта.

Денес го градиме нашето утре. За нашите деца, овде, во нашата земја!” напиша премиерот на Фејсбук

 

Свечен пречек на премиерот Заев во рамки на официјалната посета на Црна Гора

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски беа пречекани со церемонија со највисоки државни почести од Претседателот на Владата на Црна Гора Душко Марковиќ, како дел од програмата на дводневната официјална посета.

Двајцата премиери потоа одржаа тет-а-тет средба на која разговараа дека традиционалните пријателски односи меѓу двете земји имаат светла перспектива за дополнителен развој на односите на економски план, особено на директен план на стопанствениците на Северна Македонија и Црна Гора.

Владините функционери трошеле двојно помалку во однос на 2015 година

Владата се пофали дека министрите, замениците и државните секретари трошеле двојно помалку за ручеци и патувања од министрите на Груевски.Од јуни до ноември потрошиле околу 300.000 евра.

Средба на Премиерот Заев и Канцеларот Курц: Република Австрија е и останува голем пријател и поддржувач на Република Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска во Виена оствари средба со Канцеларот на Република Австрија, Себастијан Курц.

Истакнувајќи дека секоја посета на Република Австрија е задоволство, Премиерот Заев му се заблагодари лично на Канцеларот Курц, но и на Владата на Република Австрија за сѐ што направиле за Република Северна Македонија, но и за целиот регион на Западен Балкан.

Премиерот Заев ја почна официјалната посета на Романија, средба со премиерката Данчила

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ја почна официјалната посета на Романија, со средба со романската премиерка, Виорика Данчила.

Премиерката Данчила соопшти дека во Романија се почнати процедурите за ратификација на Протоколот за пристап на нашата држава во НАТО што е изгласано во Домот на пратениците. Во изјавата за медиуми таа рече дека очекува брзо заокружување на тој процес и дека Република Северна Македонија во најбрзо време ќе биде 30. членка на НАТО.

Романската премиерка Данчила ја реафирмираше позицијата за продолжување на проширувањето на ЕУ, врз индивидуални заслуги за земјите од Западен Балкан. Таа изјави дека очекува дека во јуни ќе бидат потврдени политиките на проширување на ЕУ и охрабри нашата земја да продолжи со исполнување на реформските аргументи.

Премиерката Данчила јавно честиташе на премиерот Заев за неговиот придонес низ храброста и енергијата во големите процеси за нашата држава, што смета дека е инспирација за целиот регион.

Премиерот Заев на средба со норвeшката премиерка Солберг

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во придружба на министерот за надворешни работи Никола Димитров, во рамките на неговата агенда од учеството на Минхенската конференција за безбедност, денеска се сретна со Претседателката на Владата на Кралството Норвешка Ерна Солберг, која од своја страна беше придружувана од министерката за надворешни работи Ине Ериксен Сореиде.

Премиерката Солберг на средбата истакна дека Норвешка уште еднаш силно го поздравува Договорот од Преспа и решавањето на спорот со Грција, како важен момент за процесите за вклучување на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ.

Претседателката на норвешката влада му посака добредојде на премиерот Заев и на нашата земја во НАТО, каде што нашата земја веќе го зазеде своето место веднаш до Норвешка и каде што ќе го помине периодот на ратификација на Протоколот за пристапување како поканета земја членка, по што ќе го добие статусот на полноправна членка со право на глас во сите работни тела на алијансата.

Норвешка во Република Северна Македонија гледа како на земја сојузник, и е подготвена да ја продолжи својата поддршка бидејќи смета дека нашата држава сериозно придонесува во европската агенда и е сериозно посветена на отворање на поглавјата за преговори со ЕУ.

Премиерот Заев на Минхенската конференција за безбедност се сретна со премиерот на Косово Харадинај

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и членовите на делегацијата што ја сочинуваат заменичка на претседателот во Владата на РСМ и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Никола Димитров и пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија, Џевад Адеми и член на собраниската комисија за одбрана, како дел од своите активности денеска се сретнаа со претседателот на Владата на Република Косово, Рамуш Харадинај.

Двајцата премиери изразија големо задоволство од односите меѓу двете земји меѓу кои не постои отворено прашање и изразија подготвеност да настојуваат на зацвсртување и на проширување на соработката во многу области, особено во делот на соработката и размената на информации за безбедносни прашања.

На средбата косовскиот премиер Харадинај им честиташе на претставниците на делегацијата на Република Северна Македонија за статусот поканета членка во НАТО и изрази надеж дека ратификацијата на Протоколот за пристапување ќе заврши многу брзо со што нашата земја ќе се стекне со полноправно членство во Алијансата.

Оваа нова реалност на Западен Балкан е од особено значење за целиот регион, беше истакнато на средбата и означува момент кој ќе придонесе и мирот и стабилноста како основа за севкупен и економски развој на регионот во целина.

На разговорот меѓу членовите на делегацијата на Северна Македонија, предводена од премиерот Заев и делегацијата на Косово, предводена од премиерот Харадинај е потврдена и натамошната взаемна поддршка меѓу двете земји и за европските аспирации како стартешки интерес за граѓаните на двете земји.

Анѓушев на презентација на електричното возило ЗАС Г20: Владата дава силна поддршка за реализација на креативни проекти

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски присуствуваа на презентација на електричното возило ЗАС Г20, производ од проектот „Замена на мотор со внатрешно согорување на класичен автомобил Фиќо, со електричен мотор“, на компанијата ББ Класик карс, добитник на грант од ФИТР.

За време на презентацијата, која се одржа во кругот на браунфилд објектот на германската компанија Кеслер, од која ББ Класик карс ги набавува електричните мотори, Вицепремиерот нагласи дека ова автентично електрично возило е добар пример за соработка помеѓу една домашна компанија со несекојдневна и креативна идеја за работа и странски инвеститор кој работи  во земјата.

„Презентацијата на автомобилот е точно она што ние го посакуваме да го видиме како резултат од програмите што ги има Владата во рамките на третиот столб од Планот за економски раст, кој се спроведува од ФИТР и во рамките на првиот и вториот столб кои се спроведуваат преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Мило ми е што гледам дека има реални резултати од проектот на ББ Класик Карс поддржан со грант од ФИТР во висина од 70% од вкупната вредност на проектот, а конретните продукти се тоа што беше наша замисла да го видиме како резултат од мерките што ги спроведуваме како поддршка на компаниите“ нагласи Анѓушев.

За време на презентацијата вицепремиерот оствари средба со управителот на компанијата Кеслер Патрик Трулие и сопственикот на ББ Класик Карс Милорад Китановски, со кои разговараше и за идниот развој на двете компании. Трулие информираше дека Кеслер во моментот своето производство на статори за електро мотори го извршува во изнајмен објект во општината Илинден во кој работат над 40 лица, од кои добар дел се инжинери.

„Германската компанија Кеслер е една од компаниите која во ТИРЗ Бунарџик има закупено простор од 13.600 квадратни метри, а планираат да го прошират за нови 5.000 квадратни метри. Во моментов се вршат подготвителни градежни работи на парцелата, а нивната намера е да изградат фабрика со висока технологија за производство на електромотори, електрични компоненети и електронски компоненти за ЦНЦ машини и за електрични возила. Се планира во објектот да има и развоен центар, токму такви компании ни требаат во земјата, со повисок технолошки развој кои ќе понудат софистициран производ, ќе вработат високо квалификувани кадри и ќе обезбедат подобро платени работни места за граѓаните“, подвлече Анѓушев.

Директорот на ФИТР Јован Деспотовски нагласи дека преку мерките од Фондот, компанијата ББ Класик Карс ќе добие поддршка во вредност од околу 7 милиони денари, додека сопственикот ќе учествува со 3 милиони денари, за да проектот за автентичен електричен автомобил се реализира во целост.

„Задоволство ми е што денеска може да презентираме еден од привите резултати од Планот за економски раст во третиот столб кој го започнавме 2018 година. Ова е добра идеја која е преточена во конкретен продукт, а одлично е што имаме додадена вредност на целиот проект, а тоа е германски инвеститор што ја препозна можноста во овој продукт да најде свој пазар и свој интерес“, потенцираше Деспотовски.

Тој додаде дека производството и присуството на Кеслер во Република Северна Македонија, реално ќе помогне да заживее концептот на ББ Класик карс и додаде дека веќе се разговара како, покрај на постоечкиот модел, би можело да се примени вградување на електричен мотор и на други возила со што ќе се придонесе до почиста и поздрава животна средина.

Сопственикот на ББ Класик карс Милорад Китановски посочи во проектот за електричен автомобил соработува со 20-тина мали стопанственици, занаетчии, работилници и претпријатија.

Управителот на Кеслер во нашата земја, Патрик Трулие ги потенцираше можностите кои Владата ги нуди за поддршка на нови инвестиции и нагласи дека до крајот на годинава планираат да ја изградат нивната фабрика во Бунарџик.

„Имаме сериозни планови да растеме како компанија, особено во делот на производство на електромотори и електро компоненети. На крајот на годината, нашиот план е да изградиме фабрика во Бунарџик, со што ќе се овозможи понатамошниот раст и развој “, рече Тролие.

Пред владата е подигнато знамето на НАТО

Знамето на НАТО пред владата не е само симболика, туку и нова реалност,изјави премиерот Заев на церемонијата пред владата, на која на јарболот до државното знаме се развеа и знамето на Алијансата.

Почна отстранувањето на железната ограда околу Владата

Кованото железо што ја опколуваше Владата почна да се отстранува. Десетина работници утринава пристигнаа пред објектот со потребната механизација.

Пристигна првата од четирите најавени странски инвестиции – Индиска „Малхотра” ќе гради фабрика во „Скопје”

И покрај политичката неизвесноста дали ќе има предвремени парламентарни избори, по ратификацијата на Преспанскиот договор пристигна првата од четирите најавени големи странски инвестиции.

 

 

Со оперативниот план за 2018 година вработени 6374 лица, над 50 проценти млади

Со оперативниот план за активни програми и мерки за вработување лани се вработени 6374 лица, а од нив над 50 проценти се млади лица.

Царовска: Постојан раст на пензиите, никому не е ускратено ништо

За да нема замрзнување на пензиите и пензионерите да не одат подоцна во пензија, пензиите отсега ќе се услогласуваат само според трошоците за живот, вака министерката Царовска го правда законското решение според кое ќе се пресметуваат пензиите.

Во Македонија се гради како никогаш досега, ќе се работи на патишта во должина од 770 километри

Во Македонија се гради како никогаш досега, вака Владата се пофали со инвестициите во патната инфраструктура.

Владата ги кани сите граѓани на заедничка манифестација за независноста на 8 септември

ЗОРАН ЗАЕВ – “Дојдете во сабота од 18:00 часот, да го прославиме Ден на независноста – 8 Септември во дворот на Владата на Република Македонија.

Ќе уживаме во музиката на оркестарот на Македонската филхармонија со маестро Емин Џијан, Тамара и Тијана, познатите домашни ДЏ-и, Феки Фарис и Огнен Узуновски Оги. Најмладите ќе се забавуваат со 5+ Бенд.

Заедно одиме напред!”

 

ПРОМОТИВЕН СПОТ ЗА ГОЛЕМАТА ПРОСЛАВА ВО САБОТА ВО ПОГОЛЕМИТЕ ГРАДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА

15 ГРАДОВИ – 40 ИЗВЕДУВАЧИ:

Скопје / централна прослава
Градски парк (зад споменикот на Гоце Делчев) – 21:00
Изведувачи: Кирил Џајковски, Архангел, Këpurdhat

Куманово
Градски плоштад – 21:00
Изведувачи: Muhamed Ibrahimi, Шутка Рома Рап, PMG Kolektiv, Фолтин

Велес
Амфитеатар (Младински парк) – 21:00
Изведувачи: Слаткаристика, Ферус Мустафов

Кавадарци
Градски плоштад – 21:00
Изведувачи: Кристина Арнаудова, Нокаут

Кичево
Градски плоштад – 21:00
Изведувачи: Владо Јаневски, Adrian Gaxha

Прилеп
Градски плоштад – 20:00
Изведувачи: 5+ бенд

Охрид
Градски плоштад – 18:00
Изведувачи: Лозано, Исмаил Лумановски

Битола
Широк Сокак – 21:00
Изведувачи: Дуке Бојаџиев, Горан Кан, FLOODER, DEJAN DEX

Тетово
Градски плоштад – 18:00
Изведувачи: BIG MAMA, Дани Димитровска, HIGH CONTROL, SHPAT KASAPI

Гостивар
Градски плоштад – 21:00
Изведувачи: Ареа, FECKY FARRIS

Штип
Плоштад – 21:00
Изведувачи: ДНК, Елена Ристеска

Кочани
Трговски центар – 21:00
Изведувачи: Лепи Џони, БАКЛАВА & special guest KING NAAT VELIOV, Conquering Lion

Струга
Чаршија – 21:00
Изведувачи: Blla Blla Blla, С.А.Ф., Maci Stojanovic

Гевгелија
Плоштад – 21:00
Изведувачи: Ерик Фокс, Бени Нон Стоп + Златко Ориѓански

Струмица
Пред Дом на култура – 21:00
Изведувачи: Чалгија Саунд Систем, Љубојна