Заев…Лекари издавале фиктивни рецепти, а со лековите се тргувало и во странство…

Лекари издавале фиктивни рецепти, а во организација со аптеки лековите биле давани бесплатно на лица кои потоа ги продавале во државата, но и во странство, рече премиерот Зоран Заев. Тој најави дека Владата презема засилени контроли и дека има истрага за злоупотреби со лекови што се даваат на рецепт.

Заев на седницата за пратенички прашања обелодени причини откриени преку анализа зошто граѓаните во државава не може да дојдат до лекови на рецепт во текот на целиот месец, туку само на почетокот на месецот.

Advertisements

Заев пријавил во МВР закана за „куршум во глава” во коментар по пресот со Хан

Премиерот Зоран Заев денеска од собраниската говорница имнформира дека ја пријавил заканата, која во порака на социјалните мрежи била напишана во коментар по пресот со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Идната недела повик за градење фотоелектрани на приватно земјиште

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, и министерот за економија, Крешник Бектеши, на прес-конференција во Владата информираа дека од наредната недела до 27 септември ќе биде распишан јавен повик за изградба на фотонапонски електрани на приватно земјиште со вкупна инсталирана моќност од 27 мегавати по принцип на Премиум.

Вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека овој јавен повик е извонредна можност за сите граѓани, правни и физички лица да реализираат инвестиции во енергетски проекти, а со тоа да се зголеми и производството на електрична енергија од обновливи извори.

Објавен тендерот за првата делница од новиот автопат Скопје – ГП Блаце

Владата го објави тендерот за првата делница од автопатот Скопје-Блаце.Првиот дел опфаќа должина од два километра кој треба да биде изграден за 18 месеци.

Насилство сред бел ден во Скопје

Насилство сред бел ден во Скопје. Маж истепа жена на раскрсница во близина на хотелот Континентал.На видеото објавено на социјалните мрежи кое предизвика лавина од реакции се гледа како тој ја напаѓа и турка жената на улица.

Бугарија се откажа од номинацијата на Камчев за почесен конзул

Бугарија се премисли. Нема да го номинира бизнисменот Орце Камчев, осомничен во случајот „Империја“ и сведок во аферата со рекетот, за почесен конзул во Македонија.

ССК открива уште еден пријавен случај на рекет

Уште еден македонски бизнисмен пријавил дека бил рекетиран, обзнани претседателката на ССК Данела Арсовска. Без да открие детали од кој сектор и за која компанија, членка на комората станува збор, Арсовска побара брза разрешница на состојбата.

МВР дели вода на граѓаните заглавени на граница, за влез во Грција се чека и до четири часа

Три до четири часа се чека за влез во Грција поради бавно обавување на граничните формалности на грчка страна, а меѓуграничнот простор речиси е споен со возила од македонска страна.

На граѓаните кои чекаат за влез во Грција МВР им дели вода додека се во граничниот простор.

И од дежурната служба на граничниот премин Богородица велат дека на македонска страна нема застој, и е регистрирана вообичаена зголемена сообраќајна фреквенција и оти од спротивната страна на границата грчките колеги побавно ги обавуваат своите должности од за нив непознати причини. Поради тоа возилата за влез во Грција се задржуваат, чекаат од три до четири часа во меѓуграничнот простор кој речиси е споен со возила со македонската страна

Фон дер Лајен: Потребни се брзи преговори со Македонија и Албанија

Веднаш откако Eвропскиот совет ќе оцени дека Mакедонија и Aлбанија ги исполнуваат потребните критериуми, треба да се отворат претпристапните преговори со овие земји.

Анѓушев: Просечната плата за мај 2019 е 25270, до крајот на 2020 година ќе биде 30.000 денари

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев е оптимист дека просечната плата во земјава ќе достигне до 30.000 денари до крајот на 2020 година и оти тоа ќе биде базирано на реалниот раст на економијата, а не на проекти финасирани од државата.

26 имоти и 204 возила на бизнисменот Сеад Кочан набрзо ќе бидат во државна сопственост

Имотот на бизнисменот Сеад Кочан набрзо ќе биде во државна сопственост.

Минатата седмица во Агенцијата за управување со одземен имот стаса правосилна пресуда во врска со одземениот имот на Трансмет и Сеад Кочан. Изготвени се 26 решенија за префрлање на одземениот имот на име на Агенцијата.

Од нив 23 имоти се чисти, а три се под залог. Исто така, има и 204 возила, за кои сега се проверува дали се дадени под залог, изјави денеска Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани.

Тој рече дека пресудата е обемна, дека станува збор за имот во вредност од 17 до 18 милиони евра и оти затоа треба да се работи внимателно.

Точно една година од пресадувањето на првото механичко срце во Македонија

Вака звучи срцебиењето на 47-годишниот Горан Спиров, кој беше првиот пациент во земјава, кому минатата година во клиниката Систина му беше трансплантирано механичко срце.

Боки 13 со лисици на раце спроведен во кривичниот суд

Бојан Јовановски познат како Боки 13 вечерва во придружба на полиција беше донесен во Кривичниот суд каде треба да започне распитот за него и за Зоран Милевски-Кичеец. Двајцата се осомничени дека зеле 1,5 милиони евра како награда за да влијаат врз јавен обвинител за да запре истрага против едно лице.

За двајцата до судија за претходна постапка е поднесено барање за определување мерка притвор.

 

На парадата во Париз се појави „летачки војник“

По повод францускиот национален празник Ден на падот на Бастиља во Париз, вниманието го привлече поранешниот џет-ски шампион Фреки Запата кој леташе на својот „Флајбор ер“ – лебдечка купола која му овозможува маневри како од научнофантастичните филмови.

Спектакуларна сцена се одвиваше на дефилето пред трибината, на која седеше претседателот Емануел Макрон.

На снимката објавена на социјалните мрежи се гледа дека Запата во рака носи автоматска пушка, што укажува дека ова летало би можело да биде употребено во арсеналот на француската војска.

Странски државјани со фалсификувани лични документи отворале фирми преку кои вршеле шверц на тутун

Како да им се влезе во трага на фирмите отворени со фалс документи?

Неодамнешната акција во Љуботен откри фрапантни информации – странски државјани со фалсификувани лични документи наменски отворале фирми преку кои вршеле шверц на тутун.

Азилантот Груевски на бизнис забава со унгарскиот џет сет и фотографиран со Плејбој зајачица

Поранешниот премиер Никола Груевски на бизнис забавата во Будимпешта која се одржа минатиот месец, пристигнал во присуство на унгарскиот бизнисмен од турско потекло Ахмет Фират.

Над 16 тони цигари и 13 тони тутун запленила царината на граничните премини со Србија и Грција

Над 16 тони цигари и 13 тони тутун во лист запленила Царинската управа на граничните премини со Србија и Грција кои требало да завршат на македонскиот пазар.

По 10 годишно лекување од депресија во Холандија Коко се врати во Скопје

Kоко е мојот дар од Бога и неизмерна љубов – вака ЗОО негувателот Драган раскажуваше за моментите на радост и среќа кога по 10 години повторно се сретна со својот стар пријател.

Се отвори нова фабрика – ќе се произведува опрема за армијата и полицијата

Нова фабрика во Визбегово вредна три милиони евра

Панцири, шлемови, елеци…опрема за армијата и полицијата ќе произведува новата фабрика АТС ГРУП, во индустриската зона Визбегово.

Инсерти од посета на премиерот Заев на новата фабрика на АТС Груп

Ураганско невреме од Преспа

Ураганско невреме со силен дожд и ветер ја зафати вечерва Песпа. Силниот ветер половина час корнел дрвја, бандери и носел покриви од куќи. Старите мештани на селата велат дека не паметат вакво невреме и толку силен ветер.

Владата ќе ја покани и опозицијата во преговарачките тимови

И покрај тоа што се уште е неизвесно кога земјава ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ, владата ги направи клучните чекори во насока на административна подготвеност за отворањето на првите поглавја.

Покрај Ердоган, Макрон, Џонсон, Јункер, и премиерот Заев наседна во „стапицата“ на руски комичари

На местенката на руските комичари Вован и Лексус , жртва и премиерот Заев, тој денеска потврди дека разговарал со лажните Порошенко и Столтенберг, едниот разговор бил преку кабинетот, два преку ватс ап.

Канал 5 одблиску на најголемата воена вежба „Одлучен удар“

Повеќе од еден месец, 2700 војници од 6 држави тренираа на армискиот полигон Криволак. Канал 5 имаше ексклузивна можност одблиску да го проследи финалето на „Одлучен удар“, најголемата воена вежба во историјата на независна Македонија .

Мицкоски: Подготвен сум да репреговарам за Преспанскиот договор

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски би репреговарал за Преспанскиот договор доколку стане премиер и има таква иницијатива од грчка страна.

Поднесено обвинение за злоупотребите на Акимисот за Владимир Панчевски, поранешен претседател на Кривичен суд

Поранешниот прв човек на кривичен Владимир Панчевски заработи обвинение за злоупотреби на АКМИС системот кој ја регулира распределбата на судските предмети.

Турција ќе го ратификува протоколот за нашето членство во НАТО

Пристапниот протокол за членството на Македонија во НАТО помина и во парламентарната комисија на турското собрание и наскоро ќе се најде на дневен ред на Парламентот.

Водителка од Калифорнија се сокри под маса за време на земјотресот

Водителка на програма што се емитува во живо на ТВ каналот „Си-би-си“, дисциплинирано одлучи да се сокрие под масата за време на земјотресот од 7,1 степен што ја погоди Калифорнија.

„Чувствуваме многу силен земјотрес. Мислам дека треба да одиме под маса“, вели водителката Сара Дончеј од студиото во Лос Анџелес, држејќи го за рака својот колега и стравувајќи да не им падне нешто врз главата.

Земјотресот се случи во петокот вечерта по локално време и беше втор најсилен земјотрес што ја погоди Калифорнија во изминатите два дена, а најсилен во последните две децении. Потресот бил почувствуван и во Лос Анџелес, на околу 250 километри од епицентарот.

Тодоровиќ: Не ми е побаран никаков рекет, со 1ТВ имаме нормална соработка

По организираната хајка против 1ТВ од страна на одредени новинари со низа написи, на која се приклучи и дел од опозицијата и посочи неколкумина бизнисмени, со коментар се огласи и едно од посочените лица. Имено, пратеникот Антонио Милошоски од собраниската говорница го праша премиерот дали е запознаен со шпекулациите дека сопственик на медиум изнудил 200.000 евра од поранешен градоначалник. Владимир Тодоровиќ кој индиректно беше посочен од пратеникот, ги демантира ваквите шпекулативни изјави.