Скопјани пијат вода со највисок квалитет

Advertisements

Владините функционери трошеле двојно помалку во однос на 2015 година

Владата се пофали дека министрите, замениците и државните секретари трошеле двојно помалку за ручеци и патувања од министрите на Груевски.Од јуни до ноември потрошиле околу 300.000 евра.

Филипче: Брза помош ќе добие 12 нови возила, уште осум ќе се пренаменат и доопремат

Набавката на возила за Итна медицинска помош заврши, до крајот на месецот е рокот за испорака и ги очекуваме 12-те нови возила што ќе бидат распределени на повеќе места низ државата, а најмногу во Скопје.

Се одржа традиционалниот Виенски бал, гости и Зоран и Зорица Заеви

Во Скопје синоќа се одржа традиционалниот Виенски бал, под покровителство на Австриската амбасада во земјава.. На него присуствуваше и премиерот Зоран Заев, заедно со сопругата Зорица.

Инцидент во Атина: Портпаролот на „Златна зора“ до Димитров: „Македонија е грчка“

Инцидент се случил денеска во грчкиот парламент, при средбата на министерот Димитров со Никос Вуцис, кога портпаролот на Златна зора, Илиас Касидиарис, бил спречен од обезбедувањето да влезе во канцеларијата.

Македонија е грчка, викал тој додавајќи дека и Скопјанецот требало да чуе.

Во Битола одбележани 120 години од дипломирањето на Ататурк

Во Битола беше организирана комеморативна програма по повод 120 години од дипломирањето во Средното воено училиште на големиот турски лидер, Мустафа Кемал Ататурк, јавува Anadolu Agency (AA).

На комеморацијата во поранешното Средно воено училиште во Битола, кое денеска е Градски музеј на Битола, учествуваа заменик-министерот за одбрана на Република Северна Македонија, Беким Максути, заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар, заменик-началникот на Генералштабот на Армијата на Северна Македонија, генерал-мајор Азим Нуредин, заменик-амбасадорот на Турција во Скопје, Умут Лутфи Озтурк, делегација на Турските вооружени сили под водство на бригадниот генерал Алтан Ер, пратеници, претставници на турските институции и организации во земјата и други гости.

Церемонијата започна со едноминутен молк и интонирање на химните на двете земји, по кој бригадниот генерал Алтан Ер во своето обраќање истакна дека Средното воено училиште во Битола е значајна образовна установа која дала важен придонес во развојот на лидерскиот карактер на Ататурк.

Чавков повторно во притвор, поради страв од бегство

Митко Чавков попладнево, на барање на ОЈО е спроведен во притвор, и одредена му е мерка притвор од 30 дена.

ОЈО потврди дека е побарана мерка притвор, поради добиени сознанија и поради страв дека обвинетиот ќе се даде во бегство и ќе се крие со цел да ја избегне кривичната одговорност.

Хорор во Москва: петгодишно девојче пронајдено во стан затрупан во ѓубре и лебарки

Полицијата морало да носи заштитна облека во акцијата за спасување на петгодишното девојче во Русија, кое го нарекоа женски Могли. Девојчето не зборува, ниту знае да се однесува со луѓето, а подолго време живеело во стан во Москва кој личи на депонија, полн со лебарки.

Запоставеното девојче го нарекоа Љубов. Кога го пронашле, тоа било дехидрирано и болно бидејќи неговата мајка Ирина Гарасенко (47) го оставила во валкан стан полн со ѓубре веќе подолго време.

Димовски: Можно е да гласам за продолжување на работата на СЈО

Ако се направи систем којшто ќе значи гаранција на човековите права и на владеење на правото, јас би размислил да дадам поддршка на понатамошно постоење на СЈО, вели пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во неделното интервју на Радио Слободна Европа На Македонски

Во 21 век болно дете со магаре оди на училиште или пешачи – Филипче најави бесплатни прегледи

По сторијата на 24 за малиот Милош кој со операција на срце, за да стигне до училиште оди со магаре или пешачи по три часа, а нема  пари ниту да направи контроли по извршената операција на срцето реагираше лично министерот Венко Филиче.

Филипче најави дека во понеделник на Милош ќе му бидат направени прегледи

Германски ,,Герешајмер“ со инвестиција која ќе отвори 400 работни места

Премиерот Заев на прес конференција најави голема германска инвестиција на компанијата ,,Герешајмер„ за амбалажа за медицинска и фармацевтска индустрија која значи отворање на 400 нови работни места.

Викендов ќе биде пуштен автопатот Штип-Миладиновци, годинава ќе се вози бесплатно

Од Скопје до Штип за 30 минути! Долгоочекуваниот автопат Штип – Миладиновци официјално ќе биде пуштен во употреба овој викенд, велат од транспорт.

Германска донација за МВР – 20 „Дачија Дастер“ и 351 пар чизми

Донација од 20 возила “Дачија Дастер“, вредни околу 323.000 евра како и 351 пар чизми, беше врачена денеска од министерството за внатрешни работи на Сојузна Република Германија за македонското МВР.

Дали ДУИ го блокира законот за СЈО?

За се погласните шпекулации за вчерашниот неуспешен обид законот во кој се вклопува и СЈО да биде ставен на дневен ред на владина седница, и тоа заради истрагите што ги почна против актуелни функционери на ДУИ.

Димитров во Софија на средби со Радев и Захариева

Се надевам дека во декември во Лондон ќе бидете полноправен сојузник и оти дотогаш ќе заврши ратификацијата на Протоколот во сите национални парламенти, изјави Екатерина Захариева, министер за надворешни работи на Бугарија