СТОРИЈАТА НА ТВ24 ЈА РАЗБУДИ ХУМАНОСТА – СТИГНА ПОМОШ ЗА ЈОВАНОВИ

Колони возила, камиони и трактори, натоварени со огревно дрво, храна, хигиена и покуќнина од утрово чекаат пред домот на семејството Јованови од Велес. Откако вчера Телевизија 24 ја објави сторијата за ужасните услови во кои живеат, се разбуди хуманоста, но и државата. Скопјанецот Љупчо Димишков утрово ја видел сторијата. Наместо да го регистрира своето такси возило, веднаш заминал за Велес. Парите за регистрација ги донираше на Јордан и неговата мајка.

Семејството Јованови ќе добијат комплетно реновиран дом. Со донација на хуманитарната организација на МПЦ, Свети Спас, веќе во понеделник ќе почнат градежните работи. Додека трае реновирањето, Јордан и Ангелина ќе бидат сместени во новоизграден стан, без да плаќаат кирија – донација од градежна фирма од Велес.

Но, ова не се единствените донации кои денеска пристигнаа на Сараевска 69. Бројни познати личности, но и обични граѓани донираа пари, мебел, бела техника, облека, храна, но и помош во физичка сила.

Откако Јордан Јованов вчера раскажа дека никогаш не побарал помош од државата, се мобилизираа и институциите. Од центарот за социјални работи во Велес потсетуваат дека ова семејство е во системот на социјална заштита и прима помош од 11 илјади и 600 денари, а велат дека заедно со општина Велес, работат на обезбедување помош за подобрување на условите за живот.

До вчера, овие луѓе немаа ниту огрев, ниту доволно храна, ниту услови за живот. 75 годишната Ангелина веќе деценија ипол е врзана за кревет, отакако преживеала мозочен удар. За неа се грижи синот Јордан, кој и самиот има срцеви проблеми. Сега, неговата најголема желба е да најде пристојан работа и да оформи свое семејство.

Апокалиптично видео од пожарот кај Велес

На социјалните мрежи беше објавено видео од страшниот пожар во околината на Велес.

Видеото е снимено пред неколку часа. Сега пожарот е локализиран и се смирува.

После 18 години Борец од Велес се врати во ПМФЛ и заигра пред полн стадион

ФК Борец од Велес се врати на фудбалската мапа и заигра во најдобрата македонска фудбалска лига и на својот натпревар на домашен терен на стадионот ,,Зоран Паунов” одигра реми со фаворитот Вардар и освои премиерен бод во ПМФЛ.

Бодот и не е толку во прв план колку што беше прекрасната атмосфера и преполниот стадион со гледачи кои покажаа дека Велес го сака спортот, воедно и дека овој град е навистина спортски град. Двете навивачки групи Гемиџии Велес и Комити Скопје во текот на целиот натпревар беспоштедно ги бодреа своите миленици.

ui.jpg

Денес е Трамп, утре Есма – талентот на Андријана, младата велешанка со сенки и моливи се претвора во различни ликови

Денес е Трамп, утре Есма – талентот на Андријана
Младата велешанка, Андријана Стојановска BeautyAnica со сенки и моливи се претвора во различни ликови. Од талентот за визуелни трансформации или филмска шминка не може да се живее. Но, се надева ќе се отворат школи или курсеви барем за филмска шминка. Што друго има да порача Стојановска?

Кадир Нумановик (13 г. Велес) – “Lapsus” | Neki Novi Klinci 28.11.2017

Кадир Нумановик доаѓа од Велес и има 13 години. Тој настапи во шестата емисија на шоуто “Neki Novi Klinci” со “Lapsus” од Саша Ковачевиќ и доби 6 гласови од жирито, но сепак не се пласираше во вториот круг

Велешанецот Александар Темелков направи хаос на сцена: Карлеуша го крена во раце затоа што пееше дека е дебела

Велешанецот Александар Темелков и оваа година настапи на Ѕвездите на Гранд.

Тој не доби ниту еден глас по првата песна, но продукцијата му даде шанса да ја испее и втората песна.

Тогаш почна хаос. Тој ја пееше „Кило горе, кило доле“ која и ја посвети на Јелена Карлеуша, дојде до нејзиното столче и почна да настапува само за неа.

Пејачката најверојатно се налути, го крена во раце и го врати на сцена.

 

По овој настап, Александар ги доби сите гласови.

Стивен Колберт до велешани: Македонски тинејџери олабавете!

Еден од најпопуларните американски комичари Стивен Колберт во синоќешното издание на своето лејт најт шоу „The Late Show with Stephen Colbert“ на националната американска телевизија „CBS“ зборуваше за лажните „вести“ кои масовно се споделуваа на Фејсбук во текот на изминатите месеци и влијанието кое тие го имаа врз изборите во САД и победата на Доналд Трамп. Тој директно им се обрати на македонските тинејџери кои објавуваа такви „вести“(Почнува на 5м 15с)

With President Obama Out Of The Country, Stephen Takes Charge

stiven kolbert do veleshani