Tag Archives: БОЈАНА ЈОВАНОВСКА

Двете Македонки со песни од Каролина го поминаа првиот круг на Neki Novi Klinci

Секој понеделник во 21 часот на Канал 5 телевизија се емитува новата сезона од српското шоу на детски таленти “Neki Novi Klinci”.

Во првата емисија се запознавме со 10-годишната Бојана од Скопје која ја отпеа евровизиската “Мојот свет” на Каролина Гочева. Шест “да” доби Бојана од жирито, а коментарите беа дека она е многу слатка и позитивна, и покрај тоа што пеењето не било најдобро.

Во втората емисија, пак, настапи едно девојче од Македонска Каменица која ја отпеа познатата “Не се враќаш” од нашата дива. И Маринела пееше на македонски јазик и го помина првото скалило од ова шоу, а какви беа коментарите на жирито, дознавате во понеделник на Канал 5.

Advertisements