Неверојатно – Бора Чорба му посвети песна на Ивица Дачиќ (ВИДЕО)

Музичарот, поет и водач на легендарната група „Рибља чорба“, Бора Џорџевиќ, посвети нова песна на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.

Чорба песната, како што објасни, ја направил во знак на благодарност што за време на неговиот мандат 14 земји го повлекле признавањето на Косово.

Џорџевиќ истакнува дека ова е голем успех за Србија и на овој начин сакал да му се одолжи на Дачиќ. „Рибља чорба“ песната премиерно ја изведе во Јагодина, пред повеќе од 6 илјадна публика.

Феноменален дует помеѓу Бора Чорба и Игор Џамбазов во придружба на хорот „Мирче Ацев“

Наградата за трајни музички вредности, оваа година отиде во рацете на Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на една од најпознатите српски и југословенски рок-групи „Рибља чорба“. Оспоруван и обожаван, политички контроверзен и музички супериоререн, Бора Чорба е една од најголемите ѕвезди на екс-ју сцената и автор на некои од најубавите и најиронични песни во обемната ју-рок антологија. Во неговиот личен избор, баладата „Погледај дом свој, анџеле“ од шестиот студиски албум на „Рибља чорба“, е таа што би ја избрал кога би требало да се определи за една од сите песни кои ги напишал. Во придружба на хорот „Мирче Ацев“, Бора Чорба и Игор Џамбазов ја исполнија „Погледај дом свој анџеле“. Сите во салата на нозе ја пејат култната балада на „Рибља чорба“ во моментот на чудесно споделената емоција помеѓу изведувачите и публиката.