Боби Павловски ја промовира и третата песна наменета за пазарот во соседството

По одличните “Метар дана” и “Тамо негде”, Боби Павловски ја промовира и третата песна наменета за пазарот во соседството. Хитовската композиција со модерен призвук и која лесно влегува во уво е со наслов “Самица” и е работена со екипа од соседството. Музиката е со потписите на Еди Рамичевиќ и Милан Раѓен, а зад видеото, пак, стои тимот на Tropical Lifeisfun.

Боби Павловски ја промовираше прекрасната балада “Само една ноќ”

Пејачот Боби Павловски денеска ја промовираше новата балада „Само една ноќ“.

Песната е дело на Лазар Цветковски и неговата сестра Магдалена кои исто така ги пеат и пратечките вокали заедно со Влатко Лозановски.

За спотот да изгледа светски се погрижи видео продукцијата „Арт Студио“, а модели во видео записот се Стефан Лазаров и Викторија Луческа