Лути пиперки за несовесните, мали награди за совесните возачи и пешаци во Битола

Advertisements

Во Битола одбележани 120 години од дипломирањето на Ататурк

Во Битола беше организирана комеморативна програма по повод 120 години од дипломирањето во Средното воено училиште на големиот турски лидер, Мустафа Кемал Ататурк, јавува Anadolu Agency (AA).

На комеморацијата во поранешното Средно воено училиште во Битола, кое денеска е Градски музеј на Битола, учествуваа заменик-министерот за одбрана на Република Северна Македонија, Беким Максути, заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар, заменик-началникот на Генералштабот на Армијата на Северна Македонија, генерал-мајор Азим Нуредин, заменик-амбасадорот на Турција во Скопје, Умут Лутфи Озтурк, делегација на Турските вооружени сили под водство на бригадниот генерал Алтан Ер, пратеници, претставници на турските институции и организации во земјата и други гости.

Церемонијата започна со едноминутен молк и интонирање на химните на двете земји, по кој бригадниот генерал Алтан Ер во своето обраќање истакна дека Средното воено училиште во Битола е значајна образовна установа која дала важен придонес во развојот на лидерскиот карактер на Ататурк.

Ѕидарот Бејхан од Битола ратури во шоуто „Nikad Nije Kasno“

„Сакам да пеам за душа, а не за пари“, рече 45-годишниот ѕидар Бејхан Рамов од Битола, кој се натпреварува во новата сезона на емисијата „Никогаш не е доцна“. Тој ги воодушеви и жирито и публиката со „Данима те чекам“ од, како што вели, „кралот Шабан“.

Иако гласовите на публиката не беа доволни за да продолжи во следниот круг, водителот на емисијата одлучи да се вмеша во оваа одлука и сите натпреварувачи да продолжат понатаму. Уживајте во настапот на Бејхан

Битолскиот рапер Шабац со емотивна трака за иселувањето во Битола

Песната претставува крик на младите за актуелната состојба во Битола и иселувањето на младите. Спотот е снимен  на различни локации низ градот, во касарната кај авионите, дел на Баирот, како и неколку објекти во градот што пропаѓаат, вели авторот на песната.

Музиката и аранжманот е на Мими Марковски, а текстот на Дарко Јоцковиќ – Шабац.

„Ако одам во Битола“ доби уште една одлична преработка

Покрај „Битола, мој роден крај“, уште една песна може слободно да се нарече химна на градот на конзулите, а тоа е „Ако одам во Битола“. Авторското дело на Петар Георгиев – Калица во изведба на октетот „Македонија“, публиката првпат го слушна на фестивалот „Валандово“ во 1989 година, a подоцна ја препеаја и Тоше Проески, Влатко Лозаноски, Ламбе Алабаковски и многу други.

Битолска екипа застана и зад најновата преработка на овој евергрин, овој пат во малку поинакво руво, аранжирано од Давор Неќак, а во изведба на талентираната Тамара Стојковска, во придружба на оркестарот при државното музичко училиште од Битола, под диригентската палка на Магдалена Кочоска. Песната се снимаше во студиото „Фрезенк“, а за видеото се погрижи продукцијата „ДримКаст“.

Аранжман и пијано – Давор Неќак
Диригент – Магдалена Кочоска
Флејти – Ангела Димковска, Кристина Љушкоска
Кларинети – Виктор Зеканович, Дарко Савески
Виолини – Марио Робе, Ивана Ристеска, Бајрам Рамаданоски, Леонид Неде Гогов
Виоли – Мартина Зеканович, Елена Тефова
Виолончела – Филип Нечковски, Даниела Радевска
Контрабас – Андреј Јовановиќ

http://www.radiomk.com

ВИДЕО: Битолчанецот Алекс Волкановски стана првиот Македонец со победа во УФЦ

Алекс Волкановски, кој живее во Австралија, а има потекло од Битола, е првиот македонски борец со победа во УФЦ. На настанот кој што се одржа во Мелбурн, битолчанецот го победи јапонскиот борец, Јусуке Касуја

Со оваа победа, Алекс има 11 последователни победи во својата професинална ММА кариера.

Yusuke Kasuya vs. Alex Volkanovski