Македонците Бејхан и Ленче победници на „Никад није касно“

Во четвртата сезона на тален шоуто „Никад није касно“ победија македонските натпреварувачи Бејхан Рамов и Ленче Кукиќ.

Бејхан доби најмногу СМС гласови од публиката, а наградата му ја врачи Лепа Брена.

– Добро се чувствувам, сакам да пеам и на турски и на српски јазик. Шериф Конјевиќ ми е идол – изјави Рамов по победата.

Бејхан има 45 години и доаѓа од Битола. Со музика почнал да се занимава уште на 9-годишна возраст. Во тоа време пеел турски хитови поради потеклото на неговата мајка. Веќе на 13 години бил приморан да заработува како ѕидар. Се оженил на само 16 години и сега има три деца и еден внук.

Bejhan Ramov – Ti nisi bila to – (live) – NNK – Finale – 23.06.2019

 

 

Ленче Кукиќ која ѝ е добро позната на македонската јавност, ги собра симпатиите на стручното жири, а беше најдобра и според гласовите на Фејсбук.

– Ви благодарам за ова, не знаете колку многу ми значи. Уште сум под импресии. Можам да ви ветам дека ќе продолжам да сонувам и да ја изненадувам публиката – рече Кукиќ откако ѝ го врачија признанието.

Lence Kukic – Lepi moj – (live) – NNK – Finale – 23.06.2019

 

Advertisements

Ѕидарот Бејхан од Битола ратури во шоуто „Nikad Nije Kasno“

„Сакам да пеам за душа, а не за пари“, рече 45-годишниот ѕидар Бејхан Рамов од Битола, кој се натпреварува во новата сезона на емисијата „Никогаш не е доцна“. Тој ги воодушеви и жирито и публиката со „Данима те чекам“ од, како што вели, „кралот Шабан“.

Иако гласовите на публиката не беа доволни за да продолжи во следниот круг, водителот на емисијата одлучи да се вмеша во оваа одлука и сите натпреварувачи да продолжат понатаму. Уживајте во настапот на Бејхан