Еден милион денар од АМС за „златното момче“ – Бесир Алили ветува олимписки медал

 

Advertisements

Бесир Алили пристигна со двокатен автобус, пречекан со зурли, тапани, огномет…

Европскиот кадетски првак во борење, Бесир Алили, како херој беше пречекан од голем број граѓани, меѓу кои градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и заменик-градоначалникот Енвер Малиќи. Тој оствари огромен успех со освојувањето на златниот медал на Европското првенство во борење за кадети кое се одржа во Фиренца, Италија.

Алили се натпреваруваше во слободен стил, во категоријата до 48 килограми и е прв златен медал за македонски репрезентативец на Европско кадетско првенство.

Златниот Бесир Алили си дојде дома/ Besir Alili i artë u kthye në shtëpi