Англија се враќа дома без медал, Белгија трета светска сила

Фудбалската репрезентација на Белгија го освои третото место на Мундијалот во Русија, откако успеа да ја совлада Англија со 2-0 во денешното „мало финале“.

Во битката на ’ранетите полуфиналисти’ во Санкт Петербург, избраниците на Роберто Мартинез подобро се снајдоа и успеаја со брз погодок да ја разбијат англиската одбрана. Томас Муние во четвртата минута го отвори резултатот на овој меч. Еден Азар во 82.минута постигна втор гол за Белгија и ги разреши дилемите околу победникот.

Belgium v England – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Play-off for third place

Untitled

Франција е прв финалист на СП, Умтити со златен гол ги сруши соништата на Белгија

Во првото полуфинале на Светското првенство Франција минимално славеше над Белгија (1-0) и е првиот учесник во големото финале. Избраниците на Дидие Дешамп ќе играат за втората светска титула во својата историја, откако првата ја освоија пред 20 години пред своите гледачи.

Untitled.png

Бразил се враќа ДОМА, Белгија во полуфинале!

Фудбалската репрезентација на Белгија е вториот полуфиналист на Мундијалот во Русија, откако вечерва го совлада Бразил со 2-1 и првпат по Мундијалот во Мексико од пред 34 години успеаја да се пласираат во едно полуфинале на Светско првенство.

Белгијците имаа и среќа. До предност стигнаа со несреќниот автогол на Фернандињо кој после еден изведен корнер си ја смести топката во својата мрежа.

Бразилците напаѓаа, меѓутоа не знаеја да го пронајдат патот до мрежата на Тибо Куртоа. Во 31.минута, Кевин де Бруин по еден брз противнапад зголеми на 0-2, со прецизен удар од 25 метри.

Во вториот дел, Бразил ги зби своите редови, заиграа поангажирано и играта вроди со плод. Во 65. минута се случи ВАР ситуација, по која веројатно Бразил беше оштетен за пенал, но не беше досуден, за неколку минути подоцна, Аугусто да намали на 2:1, за враќање на неизвесноста, но до крајот не успеа да постигне уште еден гол.

Brazil v Belgium – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 58

Untitled.png

Ваков епски пресврт на Светско немало 48 години | Белгија се врати од мртвите за да ја шокира Јапонија во 94.минута

Насер Чадли донесе победа за Белгија против Јапонија од 3-2 во 94-тата минута и обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство.

Во Ростов се одигра сензационално второ полувреме, бидејќи Јапонија од 48-та до 52-та минута поведе со 2-0, преку Харагучи и Унуи. Белгија успеа да воскресне и за пет минути го израмни резултатот преку среќниот гол на Јан Фертонген во 69-тата минута, а потоа и Маруан Фелаини погоди за 2-2.

Јапонија тргна на сè или ништо во финишот, а во контра напад „црвените ѓаволи“ знаеја како да казнат. Во четвртата минута од судиското продолжение преку Насер Чадли дојдоа до победата и си обезбедија дуел со Бразил во четвртфиналето.

ВЕІGІUМ vs JАРАN – НІGНLІGНТS – 2018

Untitled

Јанузај ја реши Англија, Белгијците избраа дуел со Јапонија

Белгија ја оствари и третата победа на Мундијалот, совладувајќи ја Англија со 1-0, во битката за првата позиција во групата Х. Тоа значи дека избраниците на Роберто Мартинез, кои групниот сегмент го заокружија со максимални девет бода, во осминафиналето ќе играат против селекцијата на Јапонија. Поразената Англија, како второпласирана од оваа група, ќе вкрсти во осминафинална пресметка со Колумбија.

Untitled.png

Белгија го победи Тунис со 5-2 во нај ефикасниот натпревар на ова светско првенство

Фудбалската репрезентација на Белгија ја оствари втората победа на Светското првенство совладувајќи го убедливо Тунис со 5-2. „Црвените ѓаволи“ се веќе во осминафиналето и се израмнија со Русите, кои исто така постигнаа осум гола на првите два мундијалски меча. Ова воедно е првпат во историјата на белгискиот фудбал, селекцијата да постигне пет гола на мундијалски натпревар.

Untitled

Белгија без мана… Лукаку и Мертенс ја решија Панама (3-0)

Без поголеми проблеми Белгија на убедлив начин со 3-0 против дебитантот Панама славеше на отворањето од мечевите во Групата Г на Светското првенство 2018 во Русија.

Иако, се чекаше дури вториот дел за првиот гол на Белгијците, сепак јасно беше од стартот дека нема да имаат потешките за трите бода.

Belgium v Panama – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 13

Untitled