Барса може и без Меси да го растури Реал! …и тоа со 5 – 1

Барселона го декласира Реал Мадрид со 5-1 во најголемото дерби на шпанскиот и на европскиот фудвал, популарното „Ел Класико“. Иако каталонскиот тим беше без повредениот Лионел Меси, сепак, демонстрираше завиден квалитет, и сосема заслужено ги победи „кралевите“. За првпат во историјата беше употребен и ВАР – системот, кој ’пресуди’ дека има пенал за Барса, што го реализираше Луис Суарез.

Untitled.png

Advertisements

Погледнете го голот (за 3:0) со кој Рома направи чудо и ја елиминира Барселона за полуфинале во Лигата На Шампиони

Рома е сензационален патник во полуфиналето од Лигата на шампионите откако „волчицата“ вечерва со фантастична игра ја совлада Барселона со 3-0, па со гол повеќе на гостински терен (4-1 на првиот меч) се најде меѓу најдобрите четири екипи во Европа.

Oва го нема ни во НБА, ја скрши таблата со спектакуларно забивање

На натпреварот меѓу Барселона и Црвена Звезда во Евролигата се случи најинтересниот момент оваа сезона.

Играчот на Барселона Анте Томиќ со спектакуларно забивање преку нашиот Пери Антиќ ја пукна таблата.

Навивачите на Барселона ги палат дресовите на Нејмар

Нејмар ја напушти Барселона и за рекорден трансфер од 222 милиони евра се сели во ПСЖ.

Оваа вест не им се допадна на навивачите на Барселона бидејќи талентираниот Баразилец беше нивниот миленик и гордост на клубот. Навивачите сметаат дека Нејмар ги предал, а својата разочараност од одлуката на Бразилецот да ја напушти Барселона, ја изразија со палење на неговиот дрес со бројот 11.

Пожар на фестивалот „Tomorrowland“ во Барселона, евакуирани 22 000 луѓе

Повеќе од 22.000 луѓе биле евакуирани вчеравечер кога избувнал пожар на сцената на фестивалот „Tomorrowland“ во Барселона.

Пожарникарите кои пристигнале бргу на местото на пожарот успеале да го изгаснат пожарот во кој нема повредени.

Фудбал за душа во Мајами, Барса подобра од Реал во летното „Ел Класико“

Пред скоро 70.000 гледачи на „Хард Рок“ стадионот во Мајами, Реал и Барселона ги одиграа првото американско „Ел Класико“, во кое поуспешна беше Барселона и извојува победа со 2-3 (2-2). Со оваа победа Барса со три триумфа е победник на Интернационалниот Куп на шампиони.