Криволак ќе стане најдобриот тренинг центар на НАТО во Европа

Криволак, најголемиот македонски армиски полигон. Но, наместо воени вежби, на терен интензивно се работи на реконструкција на старата и изградба на нова патна инфраструктура. Целта е за четири месеци Криволак да стане најдобриот полигон за армиски вежби на НАТО на европскиот континент.

До почетокот од ноември Криволак треба да добие обиколница, но и внатрешно патно поврзување со вкупна должина од 75 километри. Армијата работи со сопствени човечките ресурси и механизацијата.

Со артилериска стрелба беше одбележано официјалното пристапување на Македонија во НАТО… #НиеСмеНАТО

Со чинот на истрелување на шест плотуни од артилериски орудија на артилерискиот баталјон на Армијата од касарната „Илинден“ во Скопје, на симболичен начин се означи официјалното пристапување на Република Македонија во НАТО како нејзина триесетта полноправна членка.
Истрелувањето на артилериските плотуни се изврши веднаш по депонирањето на пристапниот протокол во Стејт Департментот, кој беше финалниот акт за формализирање на полноправното членство во НАТО, со што се целосно се оствари оваа стратегиска определба на нашата држава.

За прв пат по 16 години, Инженерискиот баталјон на АРМ доби нови и најсовремени машини

АРМ СЕ ПОДНОВИ
За прв пат по 16 години, Инженерискиот баталјон на нашата Армија доби нови и најсовремени машини, со што значително ќе се зголеми оперативната способност на Армијата во помош на граѓаните

Шеќеринска им честита на новите 125 професионални војници кои денеска се придружија на Армијата

Денеска договори за работа добија нови 125 професионални војници во Армијата на Република Северна Македонија.

Министерката за одбрана радмила Шекеринска по тој повод упати честитки.

„Честитки за новите 125 професионални војници кои денеска се придружија на нашата Армија. Со новите измени на законите за служба во Армијата и за одбраната, предвидуваме дополнителни шанси и подобри услови и за војниците и за офицерите.“ – напиша таа на својот ФБ профил.

 „Ја подмладуваме Армијата и создаваме идни генерации кои што ќе ја претставуваат нашата земја како дел од најмоќниот военополитички сојуз. Тоа покажува дека овие две години од една страна го сработевме членството во НАТО, но од друга страна не ја заборавивме нашата Армија, обезбедивме поголеми буџети, успеавме да обезбедиме две години по ред зголемување на платите и успеавме две години по ред да примаме нови професионални војници.“ – додава Шекеринска.

Канал 5 одблиску на најголемата воена вежба „Одлучен удар“

Повеќе од еден месец, 2700 војници од 6 држави тренираа на армискиот полигон Криволак. Канал 5 имаше ексклузивна можност одблиску да го проследи финалето на „Одлучен удар“, најголемата воена вежба во историјата на независна Македонија .

Македонските рамо до рамо со американските војници – промовирано видео за најавената вежба на Криволак

Вежбата „Одлучен удар“ на Криволак – најголема вежба досега организирана кај нас, вклучува над 2.700 припадници од шест земји
…1300 МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ, 1300 АМЕРИКАНСКИ, 75 ОД ЦРНА ГОРА, 25 ОД АЛБАНИЈА, 25 ОД БУГАРИЈА И 10 ПРИПАДНИЦИ НА АРМИЈАТА НА ЛИТВАНИЈА…

Најригорозно ќе биде казнета припадничката на АРМ која го величеше терористичкиот напад во Нов Зеланд.

Најригорозно ќе биде казнета припадничката на АРМ која на социјалните мрежи го величеше терористичкиот напад во Нов Зеланд.

Денот на независноста го слават и нашите војници во Авганистан – трчаа со развиорено македонско знаме

Радмила Шеќеринска на ФБ: “Денот на независноста го слават и нашите војници во Авганистан! Тие секој ден ја заработуваат НАТО поканата и НАТО членството. Нека ви е честит празникот, храбри девојки и момци, вие сте гордоста на АРМ!”