Франција ја победи Аргентина во спектакуларен меч

Нокаут фазата на Светското првенство почна моќно, Франција и Аргентина одиграа фантастичен натпревар со седум погодоци кој го добија Французите со 4-3.

Untitled.png

Новинарот кој му донесе среќа на Меси

Новинарот: По првиот натпревар ви дадов амајлија што ми ја даде жена ми, не знам дали ја фрливте или…? Меси му ја покажува дека ја носел во нога, новинарот воодушевен, се врти накај камера и не може да поверува.

СП 2018: Аргентина се врати во игра, оди во осминафиналето по победата над Нигерија од 2-1

Аргентина конечно успеа како феникс да се извлече од пепелта пред елиминација и да се врати во полн сјај. Во осминафиналето, Аргентинците ќе си ги одмерат силите со Франција која во групната фаза не ја покажа сета своја сила.

На моменти изгледаше гаучосите се пакуваат за дома, посебно откако цврстите Нигеријци оддолеваа на нападите при 1:1, пред Маркос Рохо, неколку минути откако беше „ослободен“ од вината и не беше досуден пенал по играта со рака во својот шестнаесетник, да го постигне најзначајниот гол во неговата кариера.

Nigeria v Argentina – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 39

Untitled.png

Величествена победа на Хрватска, Аргентина декласирана со 3-0

Во ситуација кога на Меси и Аргентина им гореше под нозе, Хрватите ги понижија со 3:0 и се пласираа во осминафиналето.

Во дербито на 2. коло на Светското првенство Хрватска ја оствари можеби најневеројатната победа во својата историја откако ја совлада Аргентина.

Мечот започна со одмерување на силите на двете страни. Аргентинскиот селектор Хорхе Сампаоли ги промеша картите па на клупа ги остави Ди Марија, Игуаин и Пауло Дибала со Меси и Павон во офанзивата.

Хрватите започнаа компактно, сигурно во одбраната и се закануваа преку фантастично организирани напади. Првиот дел заврши без голови а права голеада „Коцкастите“ направија во второ полувреме.

Argentina v Croatia – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 23

Untitled

СП 2018: Аргентина ремизираше со Исланд, Меси промаши пенал

Еден од главните претенденти за освојување на трофејот на Светското првенство во Русија, Аргентина, го започна со реми учеството на Мундијалот 2018.

Во првиот натпревар од групата „Д“, „гаучосите“ не успеаја да го победат дебитантот Исланд, откако мечот заврши 1:1.

Голем „грешник“ на тимот беше Лионел Меси. Ѕвездата на Барселона беше најактивен за неговиот тим, но промаши пенал во средината на вториот дел. Тоа беше четврто промашување за него од белата точка од неговите последни седум обиди.
Резултатот го отвори Серхио Агуеро во 19-тата, но само четири минути подоцна изедначи Алфред Финбогасон.
Untitled

Меси и соиграчите пласманот на Аргентина на светско го прославија со песна од Митар Мириќ

Најдобрите фудбалери на Аргентина на крајот со тешки маки се пласираа на Светско. Им падна камен од срце па решија да викнат една добро позната песна од овие простори 😀

Не бива Светско без Меси…Аргентина патува на мундијалот благодарејќи на хет-трикот на Меси

Аргентина успеа да се квалификува на Светското првенство во Русија, фаќајќи го последниот воз, со триумф над Еквадор од 1-3, и тоа благодарејќи на извонредниот Лионел Меси, кој постигна хет – трик. Еквадор поведе уште во првата минута со голот на Ромарио Ибара во првата минута, но Меси сепак брзо ги врати „гаучосите“ во игра израмнувајќи во 12.минута. Само осум минути подоцна Меси донесе и водство за Аргентина, а третиот гол го постигна во вториот дел.