Антониа Гиговска го препеа евергринот „Кога те нема“ на Хелена Благне

Девојката со ангелски глас Антониа Гиговска го препеа македонскиот евергрин „Кога те нема“ на познатата Хелена Благне, првата победничка на Макфест 1986 година, во Штип.

Ова видео е продуцирано со финансиска поддршка на Европската унија, а снимано е на повеќе локации низ Македонија. Уживајте!

Автор на песната: Кире Костов
Автор на текстот: Васил Пујовски
Режија: Александар Николоски
Сценарио: Јорданчо Милошевски & Александар Николоски
Директор на фотографија: Небојша Петревски
Снимател: Александар Нешковски
Актери: Теодора Волческа и Нинослав Нанков
Продукција: Младински Форум за соработка – Скопје, 2019

Advertisements

Антониа Гиговска ја “скина” и Лејди Гага, доби стоечки овации од жирито

Само пофални зборови имаше и за вториот настап и изведбата на емотивната балада „I’ll Never Love Again“ од Лејди Гага, за што доби и стоечки овации од жирито.

„Јас толку плачев на оваа сцена што не ми беше добро. Мораме да се потрудиме да ја означиме Лејди Гага на овој настап, таа е доволно голем уметник да го препознае ова што ти го отпеа… Таа мора да го види ова, јас никогаш не сум слушнала некој вака да ја пее нејзината песна. Никој не е ни блиску. Огромна почит и покол за тебе Антонија, заслужи. Како и да заврши вечерва“, рече Гоца.

Антонија дефинитивно доби огромна поддршка и од публиката, но не беше доволна за да стигне до победа, па натпреварот за неа заврши со прогласувањето на најдобрите двајца, односно заврши на 3. или 4. место. Иако не победи ниту првиот пат кога се натпреваруваше во 2016 (тогаш заврши седма), тоа не претставуваше никаква пречка да ја започне својата веќе одлична музичка кариера, збогатена и со бројни награди на домашни и на меѓународни фестиви, меѓу кои и минатогодишниот триумф на „Макфест“.

Како и да е, едно е сигурно – најдоброто од Антонија допрва доаѓа, а нам ни останува и понатаму да ја поддржуваме и да уживаме со сите нови песни, албуми и концерти што нè очекуваат од оваа талентирана млада дама!

 

Со евровизиската „Proud“, Антонија Гиговска блесна во финалето на „Пинковите ѕвездички“

Антонија Гиговска уште еднаш нè направи горди и во вчерашното суперфинале на популарната музичка емисија „Пинкови ѕвездички – сите ѕвезди“, каде што се претстави со две песни, од кои првата беше токму евровизиската балада „Proud“ на Тамара Тодевска.

Антонија дефинитивно доби огромна поддршка и од публиката, но не беше доволна за да стигне до победа, па натпреварот за неа заврши со прогласувањето на најдобрите двајца, односно заврши на 3. или 4. место. Иако не победи ниту првиот пат кога се натпреваруваше во 2016 (тогаш заврши седма), тоа не претставуваше никаква пречка да ја започне својата веќе одлична музичка кариера, збогатена и со бројни награди на домашни и на меѓународни фестиви, меѓу кои и минатогодишниот триумф на „Макфест“.

Како и да е, едно е сигурно – најдоброто од Антонија допрва доаѓа, а нам ни останува и понатаму да ја поддржуваме и да уживаме со сите нови песни, албуми и концерти што нè очекуваат од оваа талентирана млада дама!

Антонија Гиговска со „Тајно моја“ ги освои сите во финалето на Пинкови ѕвездички

Антонија Гиговска синоќа го воодушеви жирито на Пинкови ѕвездички со изведбата на Тајно моја во финалето. Емотивната изведба беше крунисана со комплименти и со влез во суперфиналето, со што се бори за победник на петтата сезона од музичкото шоу.

Антониа Гиговска падна за време на настап, но и покрај тоа влезе во финалето на Пинкови ѕвездички

За време на најновиот настап во Пинкови ѕвездички, Антониа Гиговска доживеа пад на сцената, но брзо се врати од малата незгода. Фантастично ја отпеа Je t’aime, одлично се снајде и брзо се крена на нозе по незгодата, па со тоа чесно го заслужи местото во големото финале.

Antonia Gigovska – Je t’aime

Антонија Гиговска ја расплака Гоца Тржан со песна од Тоше

Во емисијата „Пинкови ѕвездички“ често се слуша по некоја песна од легендарниот Тоше Проески, еден од најсаканите македонски пејачи во регионот, а фактот што младите таленти ги пеат неговите рефрени е доказ дека неговата музика ќе се пее со генерации. Секако дека уште поубаво е кога ќе се слушнат македонските верзии на неговите хитови, а токму тоа го направи нашата Антонија Гиговска со емотивната „Полско цвеќе“.

Младата пејачка, која ја имаше и главната улога во мјузиклот „Тајно моја“, уште еднаш ги воодушеви и жирито и публиката, за што беше наградена со бурни аплаузи и пофални зборови. Особено трогната беше Гоца Тржан, некогашната соработничка и пријателка на Тоше, со кого го отпеа дуетот „1200 милји“.

Антонија Гиговска ги размрда сите со хит од Ријана

Во најновата епизода од музичкиот натпревар „Пинкови ѕвездички – сите ѕвезди“, нашата Антонија Гиговска настапи со песна во побрзо темпо и ги разигра публиката и жирито со изведбата на хитот „Where Have You Been“ од Ријана и Келвин Харис.

Antonia Gigovska – Where have you been

Нова песна на Антониа Гиговска наменета на регионалната музичка сцена

„Могли сме у двоје“ е насловот на темата која денеска ја промовираше младата пејачка, Антониа Гиговска. Оваа песна доби и свој видео запис, кој е снимен под режисерската палка на Даниел Јовески.
Текстот на песната авторски го потпишува Владимир Даниловиќ, а музиката е на Дарко Димитров.

Антонија Гиговска воодушеви со балада од Тони Цетински

Во најновата епизода на емисијата „Пинкови ѕвездички – сите ѕвезди“, нашата Антонија Гиговска уште еднаш собра само пофални зборови од жирито, овој пат за одличната изведба на баладата „Као у сну“ од хрватската ѕвезда Тони Цетински.

18-годишната пејачка доби пофалби и за изгледот и владеењето со сцената, а како изгледаше и звучеше сето тоа во „Пинковите ѕвездички“ дознајте во продолжение. Уживајте!

Сите во транс поради Антониа Гиговска

Со голем аплауз и овации, како од жирито, така и од публиката, беше поздравен и овој настап на македонската пејачка Антониа Гиговска во „Пинкови ѕвездички“. Младата скопјанка го помина и овој круг од музичкото натпреварување, а пофалбите и донесоа и сози на очите.

Гиговска овојпат ја пееше „Writing’s on the wall“, песната која ја испеа Сем Смит за последниот Бонд филм.

Своите црвени столчиња веднаш ги подигнаа Милан Станковиќ, Кристина Коцкар и Гоца Тржан, а набрзо тоа го направија и Леонтина Вукомановиќ и Наташа Беквалац. Тие за време на целиот настап извикуваа пофални зборови на сметка на Антониа.

 

Марија Шерифовиќ доби конкуренција од Македонија: Антониа Гиговска повторно со маестрален настап, жирито воодушевено

Младата и преталентирана пејачка Антониа Гиговска и овој петок заблеска на сцената на музичкото натпреварува „Пинкови ѕвездички“. Овој пат таа се одлучи за песната „11“, која во оригинал ја изведува Марија Шерифовиќ.

За време на целиот настап жирито аплаудираше и се воодушевуваше, а на крајот некои членови од жирито дури и се поклонија.

Антонија како Шакира во „Пинковите ѕвездички“

Антонија Гиговска е дел од специјалното издание на емисијата „Пинкови ѕвездички“, во кое учествуваат најдобрите изведувачи од претходните сезони на натпреварот. Откако ја слушнавме со изведбите на евергринот „I Will Survive“ од Глорија Гејнор и деби-синглот на Бритни Спирс – „Baby, One More Time“, годинашната победничка на „Макфест“ во најновата епизода се претстави со хитот „Whenever, Wherever“ од колумбиската колешка Шакира.

Антонија уште еднаш воодушеви во „Ѕвездичките на Пинк“

Антонија Гиговска е дел од специјалното издание на популарната музичка емисија „Ѕвездичките на Пинк“, во чии рамки се натпреваруваат најдобрите натпреварувачи од изминатите сезони. Младата пејачка, која годинава реди само успеси, во новата епизода посветена на мјузиклите настапи со евергринот „I Will Survive“, повторно добивајќи само позитивни критики од жирито.

Антонија го претстави видеото за победничката на Макфест „Никогаш не вели никогаш“

Победничката на 33. издание на фестивалот „Макфест“, Антонија Гиговска го претстави видеото за првонаградената композиција „Никогаш не вели никогаш“. Ова авторско дело на нејзините веќе редовни соработници – хитмејкерите Лазар и Магдалена Цветкоски – собра најмногу гласови и од жирито и од публиката, а сето тоа сега е дополнето и со одлична визуализација, за која се погрижи режисерот Даниел Јовески. 

Во урбаната и романтична екранизација, каква и што доликува за една млада пејачка ѕвезда како Антонија, се појавува и моделот Павле Николов, а како изгледа и звучи победничката тема на „Макфест 2018“ дознајте во продолжение. Уживајте!

Антонија Гиговска и Панчо ДНК со заедничка песна – „Ванила“

Една од најнадежните нови музички ѕвезди на македонската сцена, Антонија Гиговска продолжува да реди хитови, а нејзиниот четврт по ред сингл пристигнува во вистинско време за да ни ги разубави летните денови. Младата пејачка и овој пат соработуваше со братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветкоски, кои се потпишаа како автори на темата насловена „Ванила“, а поддршка ѝ даде колегата Панчо од дуото ДНК.

Антониа Гиговска ја промовираше својата нова песна – „Светлина во мрак“

Младата пејачка Антониа Гиговска, која се катапултираше на македонското музичко небо преку регионалното талент шоу „Ѕвездичките на Пинк“ и главната улога во македонскиот мјузикл „Тајно моја“, деновиве ја промовираше својата нова песна. Станува збор за темата насловена „Светлина во мрак“, која е авторско дело на тандемот Лазар и Магдалена Цветкоски, кои се потпишаа и на нејзиниот претходен хит „Невреме“.

Антонија Гиговска го промовира своето прво видео

„Невреме“ е насловот на новата песна на Антонија Гиговска, која беше промовирана заедно со својата екранизација, што воедно е и прва во кариерата на оваа млада и перспективна пејачка. Зад нејзиното „Невреме“ застанаа хитмејкерите Лазар и Магдалена Цветкоски, а видеото го режираше Ана Јорданова.

Погледнете го победничкиот настап на Денис и Антонија во „Кастинг талент шоу“

Во Македонската опера и балет вчера се одржа суперфиналето на „Кастинг талент шоу“, во чии рамки се одбраа главните улоги за првиот македонски мјузикл „Тајно моја“, насловен по истоимениот евергрин на Тоше Проески.

Иако на самиот крај жирито одлучи на сите 9 суперфиналисти да им додели улоги во претстојниот мјузикл, победниците што ќе ги имаат главните улоги беа Антонија Гиговска и Денис Димоски. Триумфот го одбележаа и со заеднички настап, изведувајќи ја познатата тема „The Prayer“ од Селин Дион и Андреа Бочели, во кој можете да уживате горе.