Во Италија Израелци, Перуанци, Италијанци и Португалци играа македонски ора со македонски песни

Од 30 јули до 7 август, ансамблот “Етнос” од Скопје беше учесник на 41-от фолклорен фестивал во градот Атина, Италија. Освен од Италија и Македонија, учесници имаше и од Перу, Русија, Израел, Мексико, Тајланд. Пред големото дефиле, музичари од Израел, Италија, Перу и Португалија им се придружија на нашите претставници и се направи едно големо оро.

Погледнете ја програмата и фотографиите од учеството на “Етнос”

Untitled.png

ОД 30 ЈУЛИ ДО 7 АВГУСТ АНСАМБЛОТ „ЕТНОС“ БЕШЕ УЧЕСНИК НА 41 ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ ВО ГРАДОТ АТИНА – ИТАЛИЈА ПЕРУ, РУСИЈА, МЕКСИКО, ТАЈЛАНД, ИЗРАЕЛ, ПОТРУГАЛ, МАКЕДОНИЈА, СИЦИЛИЈА И ДРУГИ ИТАЛИЈАНСКИ АНСАМБЛИ. ПРЕКУ ФОТОГРАФИИ ВИ ПРЕНЕСУВАМЕ МОМЕНТИ ОД ФЕСТИВАЛОТ. „КУМАНОВКА“, „МЕГДАН“, МАЛЕШЕВКА“, „ПИРИН“, „ПИЈАНЕЦ“, „РОНЕНКА“…ДЕЛ ОД ПРОГРАМАТА СО КОЈА СЕ ПРЕДСТАВИ АНСАМБЛОТ „ЕТНОС“ НА ФЕСТИВАЛОТ, ВО АВТЕНТИЧНИ НОСИИ И ОРКЕСТАР ОД НАРОДНИ И ТРАДИЦИОНАЛНИ ИНСТРУМЕНТИ. ВО СПЕЦИЈАЛОН ПРИПРЕМЕНАТА РЕВИЈА НА НАРОДНИ НОСИИ, ПОКРАЈ ПРОГРАМСКИТЕ НОСИИ, ГИ ПРЕЗЕНТИРАВМЕ И „НЕВЕСТИНСКА МИЈАЧКА НОСИЈА,“, „СКОПСКА БЛАТИЈА – ВОДИЧАРКИ“, „ПОСЕЉЕ – ДОЛНИ ПОЛОГ“ . ДЕВОЈКИТЕ И МОМЦИТЕ ОД „ЕТНОС“ БЕА СЕКОГАШ ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО… НА ОТВАРАЊЕТО И ЗАТВАРАЊЕТО НА ФЕСТИВАЛОТ, НА СЦЕНАТА ЕЧЕШЕ „МАКЕДОНИЈА“, „МАКЕДОНИЈА“. НА КРАЈ, „ЕТНОС“ ДОБИ ТРИ ОТВОРЕНИ ПОКАНИ ЗА ГОСТУВАЊЕ ВО НАРЕДНАТА ГОДИНА….ПОРТУГАЛИЈА, СИЦИЛИЈА – ИТАЛИЈА И ИЗРАЕЛ. ЕТЕ ТОА Е „ ЕТНОС“. ОД НАРЕДНАТА ГОДИНА ПОЧНУВААТ ЗАВРШНИ ПРИПРЕМИ ЗА ГОСТУВАЊЕ ВО ИЗМИР – ТУРЦИЈА.

Advertisements