Фудбалот ќе почека уште најмалку две години за да се врати дома. Фудбалската селекција на Хрватска е вториот финалист на Светското првенство во Русија, откако во полуфиналето на „Лужники“ во Москва со 2-1 (1-1 во регуларниот дел) по дополнителните 30 минути славеше над репрезентацијата на Англија. За „коцкестите“ ова е прво финале во историјата, досега најголем успех им беше полуфиналето на СП 1998 година, кога беа елиминирани од домаќинот, а подоцна шампионот Франција (2-1).
Англија стартуваше фантастично со прекрасен гол од слободен удар на Киран Трипиер по само пет минутри игра на „Лужники“. Хрватска не делуваше добро во првото полувреме, но затоа пак се разбуди откако Иван Периѓиш ја погоди мрежата на Џордан Пикфорд во 68-та минута.
„Коцкестите“ играа фантастично, а преку Перишиќ кратко по голот можеа и да поведат со 2-1, но фудбалерот на Интер ја погоди стативата. Во продолженијата Џордан Пикфорд ја спаси Англија, откако Манџукиќ шутираше од близина. Ако не постигна гол во првото продолжение, во второто Манџукиќ не погреши и го матираше англискиот голман во 109-тата минута за голема победа на Хрватска и пласман во големото финале.
