Анастасија Ражнатовиќ ја објави својата прва балада „Промашена“

По еден ипол месец од објавувањето на песната „Волим те“, Анастасија Ражнатовиќ одлучи да ги израдува фановите со уште една нова песна.

Во песната „Промашена“ се зборува за љубовен бродолом на една девојка која неизмерно го сака својот маж, но го губи.

Автор на песната е Александра Милутиновиќ, а додека аранжманот и музиката се дело на Дарко Димитров.

Анастасија Ражнатовиќ со нова песна од Дарко Димитров – РАНИ (ВИДЕО)

Ќерката на Цеца Светлана Цеца Ражнатовиќ и младата музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ издаде уште еден сингл, кој се вика “Рани”. Како во првата, така и во оваа песна е “замешан” Дарко Димитров, каде е композитор и негов е аранжманот. Уживајте!

Anastasija – Rane – (Official Video 2019)

Ќерката на Цеца, Анастасија дебитира со песна од Дарко Димитров

Ќерката на балканската дива Цеца, Анастасија Ражњатовиќ тргна по стапките на својата славна мајка, а како прв чекор во нејзината музичка кариера денеска беше претставена песната насловена „Савршен пар“. Автор на музиката и аранжманот е нашиот Дарко Димитров, а стиховите си ги потпишува самата Анастасија, додека видеото е во реализација на продукцијата „Ај-ди-џеј видеос“, под режисерската палка на Андреј Илиќ.

За само неколку часа од објавувањето, под видеото се наредија бројни позитивни коментари од нејзините обожаватели, опишувајќи ја песната како летен хит. Уживајте!

 

Гори Инстаграм: Анастасија на Цеца меша со задникот на „Текила и лимон“ на Елена Ристеска

Македонците можеби се поделени во тоа колку им се допаѓа најновата песна на Елена Ристеска „Текила и лимон“, но затоа пак во Србија таа е огромен хит.

Тоа го потврди и ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, која токму на оваа песна игра пред огледало во еден салон за убавина, а нејзиниот пријател ја снима.

Објавата за само еден ден има околу 140 илјади прегледи од профилот на Анастасија која пее и меша со задникот, а со тоа потврди дека ова е една од нејзините омилени песни периодов.