Александра Јанева со нов хит „Одговор“

Александра Јанева ја претстави својата нова песна, воедно и најава за нејзиниот деби-албум „Срце отвори“, насловен по истоимениот сингл објавен пред неколку недели. Талентираната струмичанка за првпат се потпишува и како авторка на стиховите, а музиката ѝ е заедничка со Тино Стојановски, додека за аранжманот и продукцијата се погрижи Иван Јованов – Ивајо.

Сето тоа собрано под насловот „Одговор“, со текстуално видео визуелно го дополнија Пеце Здравковски и Ѓорѓи Вацев од продукцијата „Пинестел“, а за изгледот на Александра се погрижи Милена Танаскоска.

Aleksandra Janeva – Odgovor
Advertisements

„Срце отвори“ е новиот сингл на Александра Јанева

Популарната струмичанка и двократна победничка на „Макфест“, Александра Јанева го претстави својот нов сингл насловен „Срце отвори“, кој стигна во комплет со екранизација. Автори на музиката и аранжманот се колегите Иле Спасев и Панче Касапски, а стиховите се на познатиот текстописец Огнен Неделковски, односно истата екипа која застана и зад минатогодишниот хит „Ќе се вратам некој ден“, додека видеото е дело на екипата од продукцијата „Пинестел“, чиј потпис стои и на екранизацијата на ланскиот дует со Наташа Малинкова – „Еуфорија“.

Интересно е тоа што „Срце отвори“ е песна стара две години, но сега ја доживеа својата трансформација и доби сосема нов звук.

Александра Јанева и Наташа Малинкова ги фати „Еуфорија“!

„Еуфорија“ е насловот на штотуку објавениот дует на познатите пејачки Александра Јанева и Наташа Малинкова, кои со својата прва соработка дефинитивно успеаја да направат хит! Песната со разигран ритам е авторско дело на Столе Аврамов, долгогодишен соработник на Малинкова, кој стиховите ги потпишува заедно со Александра Јанева, а за продукцијата му помогна колегата Зоран Алексиќ. Сето тоа визуелно го дополни екипата на „Пинестел“, односно Ѓорѓи Вацев, Пеце Здравковски и Борче Георгиев.

Александра Јанева нè почести со нова песна – “Ќе се вратам некој ден”

Популарната струмичанка и двократна победничка на фестивалот „Макфест“, Александра Јанева нè почести со нова песна. Иако е зафатена со бројните настапи ширум Македонија, пејачката продолжува да работи со полна пареа и на нов материјал, а песната насловена „Ќе се вратам некој ден“ доаѓа по минатогодишниот хит „Бам бам“, во кој можевме да ја видиме и слушнеме во ново светло.

Музиката е на Панче Касапски, текстот на Панче Касапски и Огнен Неделковски, додека аранжманот на Иле Спасев. За видеото се погрижија од Rewind production. Уживајте…

Александра Јанева со преработка на хитот „Perfect“

Александра Јанева и „2BE“ го преработија светскиот хит „Perfect“ на Ед Ширан. Новото аудио и видео на поп-пејачката е музичка празнична честитка за нејзините фанови. Александра и нејзиниот бенд „2BE“, освен со видео ќе ја заокружат годината со многу новогодишно-божиќни настапи низ Македонија.

Инаку, ова е и првата македонска преработка на популарната балада која ги освои врвовите на сите светски музички топ-листи. Освен „совршениот дует“ со Бијонсе, британската ѕвезда неодамна објави симфониска верзија со легендарниот тенор Андреа Бочели, а како звучи оваа песна во изведба на Александра и нејзиниот бенд, а во аранжман на талентираниот Тино Стојановски од бендот „2ВЕ“, можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

Александра Јанева со целосна трансформација за новиот сингл „Бам бам“

Поп-пејачката Александра Јанева, препознатлива по својот моќен вокал и фестивалски евергрин рефрени, направи целосна трансформација за новата песна „Бам бам“, снимена во соработка со авторското дуо Марко Маринковиќ-Слаткаристика (музика и текст) и Иван Јованов (аранжман).

Александра Јанева со инзвонреден римејк на баладата „Зошто баш ти“ од Ноне Неделковска

По повод 10 годинишнината од издавањето на оригиналната верзија на баладата „Зошто баш ти“ пејачката Александра Јанева направи свој римејк.
„Благодарност до целиот мој тим кој веруваше во овој проект и заедно подготвивме уште едно изненадување за публиката“, вели Александра по првите импресии од промоцијата.