Александар Тарабунов деновиве го промовира својот нов сингл “Senorita” пропратен со видеоспот

Пејачот Александар Тарабунов деновиве го промовира својот нов сингл “Senorita” пропратен со видеоспот. Композитор на песната е самиот Тара, додека текстот е на Лука Ристиќ. Спотот е сниман на неколку локации во Скопје, а покрај Тарабунов се појавуваат: Барбара Поповиќ, Ивана Савовиќ и Бојана Арсовска.

Хитот на Билбилов, „Избриши ги ти солзите“ доби нова верзија

Еден од најголемите хитови на Роберт Билбилов – макфестовската „Избриши ги ти солзите“ (2006) си доби нова, освежена верзија, отпеана во дует од Александар Тарабунов и Барбара Поповиќ.

Луда ретро-забава во новото видео на Александар Тарабунов

Александар Тарабунов го претстави видеото за минатогодишниот хит „Луд сум по тебе“, чиј комплетен автор е хитмејкерот Роберт Билбилов. Со шарени костими и разиграна атмосфера, ретро-забавата во стилот на педесеттите години од минатиот век одлично ја дополнува заразната мелодија на песната.