Дац и Александар со ракометарките го оживееа повторно хитот за Кометал ЃП

Како што е познато, денес се навршуваат точно 18 години од големиот успех на македонскиот спорт, а тоа е европската титула на Кометал ЃП.

Во епското финале на Лигата на шампионите славеше над Херц со 26-22 што беше повод за ерупција на Скопје, но и поширокот во нашата држава.

За одбележување на овој момент, денес се погрижи музичкото дуо Дац и Александар кои со помош на ракометарките од таа генерација повторно ја оживееа химната на клубот.

Во видеото со песната се наоѓаа и легендарните Индира Кастратовиќ, Андријана Будумир, Милева Велкова, Анџела Платон, Лариса Кисељева, Наталија Тодоровска, Ања Андрушенко, Гордана Нацева, Мирјана Чупиќ, Златановска како и тогашниот газда Трифун Костовски.

И „Во светот на бајките“ доби своја карантинска верзија

Периодов посведочивме на многу нови верзии на познати песни, на многу онлајн изведби и соработки. Денеска ќе ви презентираме уште една таква.

Се работи за карантинска верзија на легендарната „Во светот на бајките“.

Александар Митервски и Драган Спасов Дац ги поканија членовите на гратскиот хор „Гласот на децата на Скопје“ да ја отпеат оваа песна, која инаку е дело на Славе Димитров и Васил Пујовски.

„Раширете ја љубовта насекаде и споделете. Пејте со нас. Од срце за децата“, стои во описот под објавата.

“Корона чао” стана хит и во Бугарија – Бојко Борисов вози кола и ги слуша Дац и Александар

НЕВЕРОЈАТНО …ЗА 24 ЧАСА ОД ОБЈАВУВАЊЕТО“КОРОНА ЧАО” ОД ДАЦ И АЛЕКСАНДАР СТАНУВА БАЛКАНСКИ ХИТ… И БОЈКО ЈА ОТКАЧИЛ ДО ДАСКА ВО КОЛА

Бугарскиот премиер Бојко Борисов објави интересно видео на својот профил во кое порачува дека Македонија може да смета на поддршка од Бугарија. Во видеото Бојко Борисов го вози својот автомобил а во позадина оди преработката на песната Bella Ciao на Драган Спасов Дац и Александар Митевски -Корона Чао.

„Само со заеднички напор, дух и дисциплина ќе се избориме со корона вирусот. Им благодарам на сите бугарски граѓани што ги исполнуваат препораките. Само така ќе се вратиме кон нашиот нормален начин на живот. Им благодарам и на Дац и на Александар Митевски, Северна Македонија може да смета на нашата поддршка.“

„Корона чао“ на Дац и Митевски ги запали социјалните мрежи

Александар Митевски и Драган Спасов – Дац направија кавер на познатата „Bella Ciao“, во придружба на Брастет Скопје.

Видеото на Александар и Дац кое го објавија вчера наиде на голема поддршка од граѓаните.

Препевот на популарната Бела Чао, со македонски зборови буквално ја размрда македонската публика.

АЛЕКСАНДАР И ДАЦ – КОРОНА ЧАО ( cover ) ft. Brasstet Skopje

Со љубов од Италија и Македонија – Дац и Александар пеат со нашиот тенор Благој Нацоски од Џенова

Музичка прегратка во време на корона – Дац и Александар од домовите во Скопје заедно со нашиот тенор, Благој Нацоски од домот во Џенова, стоплија многу срца со емотивна македонско-италијанска преработка на хит песната „Уште ми фалиш“.

Нашиот оперски пејач, Благој Нацоски од Скопје, кој живее и работи во Џенова, Италија, постојано упатува пораки до неговите фанови на социјалните мрежи и со музика се обидува да го разубави секојдневието на луѓето во овие тешки моменти низ кои минува светот.

Александар и Дац, пак, не престанаа да ја забавуваат публиката во овие времиња и преку Фејсбук видеа во живо им го разубавуваат времето поминато дома на нивните фанови.

Тие пеат љубовни песни во полициски час, а најновата соработка со нашиот тенор, Благој, виртуелно стопли многу срца.

Тие од удобноста на своите домови ја отпеаја нивната хит песна „Уште ми фалиш“, а потоа заедно со Благој продолжија со италијанска верзија.

Сега е време сите да бидеме сплотени, а најдобриот начин е преку музика и љубов.

Александар Митевски, Дац и Бојана Скендеровски преку песна им се заблагодарија на сите кои се дел од битката против коронавирусот!

„Љуби ме и главата горе“ песна која во далечната 1982 година ја изведоа Зафир Хаџиманов и Сенка Велетанлиќ, во нов аранжман и наменски ја обработија Драган Спасов – Дац, Александар Митевски и Бојана Скендеровски.

Тие преку оваа песна упатуваат порака посветена на како што велат хероите на нашето секојдневие.

Докторите и медицинските лица од цела држава, Министерството за здравство, Клиниката за инфективни болести, Институтот за јавно здравје и сите здравствени установи, Министерството за внатрешни работи, Армијата, Црвениот крст, Дирекцијата за заштита и спасување, сите волонтери и добронамерници кои секојдневно се во борба против ширењето на корона вирусот.

Ова трио упатува благодарност до авторите на оваа преубава песна и велат „Да бидеме заедно и да се придржуваме кон препораките“.

Во 1982 година музиката за оваа песна ја направи Григор Копров, а текстот Зафир Хаџиманов.