Category Archives: Highlights

Прв гол на Адеми во дресот на Динамо по суспензијата

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми по речиси две и полгодишна пауза го постигна првиот гол во дресот на Динамо Загреб.

Адеми беше стрелец на третиот погодок за Динамо во победата од 4-2 над Истра во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Хрватска.

Advertisements

„Ножичките“ на Жиру се најубавиот гол за 2017 година

ФИФА „Пушкаш“ наградата за најдобар гол оди во рацете на фудбалерот на Арсенал, Оливие Жиру. Напаѓачот на Арсенал во мечот против Кристал Палас на 1. јануари гo постигна водечкиот гол на масторски начин

Македонија пред 24 години го одигра првиот официјален меч | Словенија 1-4 Македонија, 13.10.1993

Денеска се одбележуваат 24 години од првиот меч на македонската фудбалска репрезентација кога во Крањ во историски меч ја совладавме Словенија со 4:1.

Првиот гол во дресот на Македонија го постигна Зоран Бошковски-Чоко уште во 5. минута од мечот, а потоа стрелци беа и Дарко Панчев, актуелниот тренер на Вардар, Чедомир Јаневски (од пенал), како и Драган Канатларовски-Цапар.

Во стартниот состав на Македонија беа Горан Јовановски, Бобан Бабунски, Зоран Бошковски, Кире Грозданов, Чедомир Јаневски, Драган Канатларовски, Љупчо Марковски, Ванчо Мицевски, Зоран Мицевски, Илија Најдоски и Дарко Панчев. Во играа влегоа и Неџмедин Мемеди и Сашо Милошевски. Прв македонски селектор беше легендарниот Андон Дончевски.

Феноменален гол на Јани Атанасов (играч на ФК Академија Пандев) од половина терен против Саудиска Арабија…

Подготвувајќи се за квалификациите за ЕП, младата репрезентација на Македонија за играчи до 19 години одигра два пријателски натпревари против Саудиска Арабија во Словенија а тоа што ќе остане запаметено од пресметките со Саудиска Арабија е феноменалниот погодок на Јани Атанасов од 50 метри

Дебакл: Младите фудбалери загубија од Гибралтар! | (У21) Гибралтар 1-0 Македонија (У21)

По оној срамен пораз од Андора на сениорите, уште една аматерска репрезентација запишува историја против Македонија. Овој пат Гибралтар ќе се запише во историјата со прва победа на било која своја селекција на официјалните интернационални натпреварувања откако младата нивна репрезентација за играчи до 21 година запиша шокирачка, за нас, победа од 1-0 против Македонија во квалификациите за ЕП 2019 во Италија.

У21 – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2019 – ГРУПА Л

ГИБРАЛТАР – МАКЕДОНИЈА 1-0 (0-0)

Стадион „Алгарве“ во Фаро, Португалија. Гледачи: 300. Стрелци: Ториља 64′ (Г). Ж. картони: Џоли (Г), Попзлатанов, Абаз, Симовски (М). Црвен картон: Попзлатанов 95′ (М).

ГИБРАЛТАР: Банда, Крисп, Брито, Анесли, Џоли, Ториља, Балантин, Винет, Пизаро, Исола, Хернандез

МАКЕДОНИЈА: Ѓоргев, Попзлатанов, Костов, Амановиќ, Симовски, Тотре, Исени, Георгиев, Петковски, Костадинов, Селмани (55′ Абаз)

« Older Entries