Јапонката што ја издрибла пола Северна Кореја

Видеово е старо од 2010-та, ама епско за азискиот фудбал и младинските мундијали. Ја имаме Куми Јокохама од Јапонија на која се обидува да и ја земе пола селекција на Северна Кореја. Се работи за светско првенство за фудбалерки до 17 години.

Advertisements

19.05.2002 – Денот кога Кометал Ѓорче Петров стана европски шампион во ракомет

Кометал Ѓорче Петров останува посебен  во историјата на македонскиот спорт. На денешен ден, 19 мај 2002 година екипата која израсна во скопското предградие, на Македонија и ја донесе првата европска титула и најголемата спортска радост.

И 17 години подоцна Македонија со носталгија се присетува на „Кометал шампионе“, на победите и на единствените моменти во „Кале“, на неизмерната радост што ја обедини цела Македонија.

17 години подоцна: Ново видео за ужасот од нападите на 11 септември

САД денеска одбележуваат 17 години од терористичките напади во Њујорк и Вашингтон. Во меѓувреме, објавена е нова снимка, која го прикажува ужасот од нападите на терористите самоубијци на кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк, на 11 септември 2001 година.

ПОЧИНА АРЕТА ФРЕНКЛИН, ЛЕГЕНДАРНАТА КРАЛИЦА НА СОУЛ МУЗИКАТА

Арета Френклин, кралицата на соул музиката која стана првата жена што влезе во Рокенрол холот на славните, почина во Детроит на 76 години. Легендарната пејачка во 2010 беше дијагностицирна со рак и лани објави дека се пензионира од музиката.

Позната по хитови како „Почит“ и „Размисли“, таа имаше на 20 американски број еден хитови во кариерата што траеше седум децении. Последен пат настапи минатиот ноември, на гала во Њујорк што се одржа во знак на поддршка на фондацијата за СИДА на Елтон Џон.

Top 10 Aretha Franklin Songs (RIP)

На денешен ден пред 38 години почина претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито

Доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Јосип Броз Тито, почина на денешен ден 1980 година во болница во Љубљана.

Смртта на Јосип Броз-Тито, доживотниот претседател на Социјалистичка федеративна Република Југославија и на Сојузотт на комунисти на Југославија,  беше доживеана како национална трагедија. Тој е погребан во Куќата на цвеќето, во Белград, на 8 мај 1980 година , каде и сега се наоѓа неговиот гроб, посетуван се уште од негови почитувачи и туристи.

Тажна беседа на Игор Џамбазов за ТошеПроески – “Ти почина без да умреш, а ние умревме без да починеме”

Тажна беседа на Игор Џамбазов за ТошеПроески: Плачевме многу, плачеме сеуште (има и за кого да плачеме). Сигурен сум дека и ти плачеш во овој момент и сакаш да си барем две минути со нас.

Македонија пред 24 години го одигра првиот официјален меч | Словенија 1-4 Македонија, 13.10.1993

Денеска се одбележуваат 24 години од првиот меч на македонската фудбалска репрезентација кога во Крањ во историски меч ја совладавме Словенија со 4:1.

Првиот гол во дресот на Македонија го постигна Зоран Бошковски-Чоко уште во 5. минута од мечот, а потоа стрелци беа и Дарко Панчев, актуелниот тренер на Вардар, Чедомир Јаневски (од пенал), како и Драган Канатларовски-Цапар.

Во стартниот состав на Македонија беа Горан Јовановски, Бобан Бабунски, Зоран Бошковски, Кире Грозданов, Чедомир Јаневски, Драган Канатларовски, Љупчо Марковски, Ванчо Мицевски, Зоран Мицевски, Илија Најдоски и Дарко Панчев. Во играа влегоа и Неџмедин Мемеди и Сашо Милошевски. Прв македонски селектор беше легендарниот Андон Дончевски.

На Денешен Ден | Дваесет и две години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров

Пред 22 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди во главата.

На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Останува непознато кој стоел зад атентатот. Истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Истрагата утврди дека атентатот бил добро подготвен и организиран и оти само среќна околност е што претседателот Глигоров го преживеа атентатот.

Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието на Република Македонија.

Во автомобил „цитроен ами 8“ биле скриени 20 килограми експлозив, кој бил активиран со далечински управувач кога возилото на Глигоров се движеше кон зградата на Собранието. Пред експлозијата службеното возило на претседателот на улицата „Македонија“ го забавило едно „фиќо“.

KIRO GLIGOROV-ATENTAT NA PREDSEDNIKA MAKEDONIJE 3.10.1995

Погледнете како изгледал првиот настап на Јелена Карлеуша

Јелена Карлеуша својот прв албум “Ogledalce” го објавила во 1995 година кога имала 17 години. Таа на својот FB профил објави снимка од својот прв јавен настап:

5 мај – важен ден во граѓанската пркосна меморија

Поминаа две години од 5 мај, денот на кој беа чуени „бомбите“ за убиството на Мартин Нешкоски и кој за многу од демонстрантите од „Протестирам“ претставува еден од симболите на граѓанското движење за демократски промени.

Policijata tepa na protest pred Vlada (5.05.2015)

Кога Панчев го скроти Баерн во Минхен

На 10. април 1991 година, пред точно 26 години на Олимпискиот стадион во Минхен се играше полуфиналето на Купот на Европски шампиони. Баерн поведе преку Волфарт во 22. минута а Панчев во финишот на првиот дел израмни на 1-1 за да Савичевиќ во 70’ минута на Звезда ѝ донесе голем триумф пред реваншот на Маракана

(Видео) На денешен ден, (06.11.1996) пред 20 години, МЗТ го победи големиот Реал Мадрид.

Погледнете го финишот од натпреварот и онаа величествена атмосфера. СПОДЕЛЕТЕ

na denesen den mzt go pobedi real madrid